Христо Џорлев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден непознато
Кукуш, Егејска Македонија
Починал непознато
Македонија

Христо (Ицо) Џорлев бил македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Христо Џорлев е роден во градот Кукуш, тогаш во Отоманската империја. Влегува во ВМОРО и извршува терористички наредби на Централниот комитет.

Во мај 1898 година по наредба на Дамјан Груев, Ицо Џорлев заедно со Андон Ќосето, со помош на Аргир Манасиев, Илија Докторов и Иван Телјатинов, го убиваат во Гевгелија пред очите на кајмакамот, Христо Цицов (Цицо), истакнат водач на патријаршиската партија. По убиството, од Солун преку организациски канал е испратен за Бугарија. Од таму по кратко време заминува во четата на Крсто Б'лгаријата. Загинува во борба со турските аскер во Тиквешко [1][2].

Негови потомци се Наско и Зоран Џорлеви [3].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 355.
  2. „Революционната борба в Гевгелийско по спомените на Илия Костадинов Докторов“, Съставител: Кирил Григоров Пърличев, „Македония прес“, София, 2004, стр. 121-122.
  3. НАСКО ЏОРЛЕВ, взето от http://volanskopje.blog.com.mk на 07.09.10 г.