Кирил Лозанчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 1873
Битола, Македонија
Починал 1950
Битола, Македонија


Кирил Лозанчев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Лозанчев e роден 1873 година во Битола, во Османлиската империја. Брат е на Анастас Лозанчев. Кирил Лозанчев работи како трговец. Избран е за член на Битолскиот околиски комитет на ВМОРО во 1901 година. Нападнат е во Солун од грчки терористи во март 1905 година, но успева да се спаси. Истата година Лозанчев е уапсен и е осуден на 3 години затвор. Лежи во Битолскиот затвор до март 1907 година, кога е амнестира. Кирил Лозанчев умира во 1950 година во Битола [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 94.