Тодор Лазаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Лазаров
Роден 1869
Штип, Македонија
Починал 29 септември 1912
Софија, Бугарија

Тодор Лазаров Хаџидмитриев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Лазаров е роден 1869 година во градот Штип, тогаш во Отоманското Царство. Потекнувал од видното семејство Хаџидимитриеви. Завршил VI клас во Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и станал прогимназиски учител во Штип. По една година го напуштил училиштето и започнал да се занимава со трговија. Лазаров зборува, француски, отомански турски и фарси.

Штипското раководно тело: Тодор Лазаров, Иван Панајотов, Коце Гочев и Мише Бачов.

Влегол во првиот револуционерен комитет на Македонската револуционерна организација во Штип 1894-1895 година, бил покрстен од Даме Груев. Во 1896 година заедно со Ѓорче Петров и Мише Развигоров го ликвидирал србоманот Јордан Бабамов, поради што бил уапсен. Во текот на Виничката афера повторно бил уапсен [1], во 1899 година бил осуден на 4 години затвор, казната ја издржувал во Скопје и Приштина. На Солунскиот конгрес од 1903 година бил делегат. Во 1905 година, бил уапсен зедно со д-р.Петар Кушев, осуден и заточен во Тарабулус ал Шам [2]. По Младотурската револуција бил амнестиран, учествува во уредувањето на Сојуз на бугарски уставни клубови и влегол во неговото Централно управно тело.

По неуспехот на Хуриетот во 1909 - 1910, заедно со Тодор Александров учествувал во обновата на организациската дејност во Штипско и во мај 1910 година е избран за член на Задграничното претставништво заедно со Павел Христов [3][4].

Се разболел од туберкулоза и по избувнувањето на Првата балканска војна се самоубил [5][6][7] Според Георги Поп Христов последните зборови на Лазаров биле: Македонија е изгубена [8]. Михаил Думбалаков за Лазаров напишал:

...(Кога б.н) сите ги прифатија ентузијазмот и волјата за борба, во... хотелот Ројал бавно гаснеше живтот на еден од најбудните синови на Македонија. Смелиот водач на револуционерно Штипско, војникот на бунтот и душата на толку безумно смели акциии... беше легнат на кревет од жолтата сопатничка на потребите и незгодите - туберкулозата.
Ревоуцијата ги изела дробовите на Тодор Лазаров. И сред всеопштиот подем, тој сега беше принуден да биде далечен, бесполезен и загубен меѓу толпата... Трагедијата на револуционерот беше необхватна... Непогоден да влезе и изгори во големата борба , револуционерот го застрела едно од најголемите срца на Македонија. Господар на животот, тој беше станал и господар на смртта [9].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Илюстрация Илинден“, 1932 г., София, бр.2, стр. 2-4[мртва врска]
  2. Шатев, Павел. „В Македония под робство“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1983, стр. 412.
  3. Алманах „Македония“, София 1931 г., стр. 777
  4. Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 15.
  5. Македонски научен институт
  6. Илюстрация Илинден, април 1940, година 12, книга 4 (144), стр. 4-6.
  7. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 91 - 92.
  8. Спомени на Георги Попхристов
  9. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 149 - 150.


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „белешка“, но нема соодветна ознака <references group="белешка"/>.