Димитар Поп Николов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Поп Николов
Роден 7 декември 1880
Карахадар, Турција
Починал 30 март 1978
Софија, Бугарија

Димитар Поп Николов — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Бил раководител на Тракиската организација од 1 септември 1925 до 13 јануари 1927 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во селото Карахадар, Лозенградско. Брат е на војвода Јани Попов. Учи во егзархиската гимназија во Едрене, каде што влегува во ВМОРО. По завршувањето на гимназијата работи како учител во Бургас, каде што е секретар на македонско-одринското друштво и пунктовен началник на ВМОРО за Лозенградскиот санџак. За револуционерна дејност е осуден заедно со својот брат во отсуство од Одринскиот воен суд на 101 години затвор по разврзаната Керемедчиоглувата афера.

Зема активно учество во Илинденското востание во 1903 година.

По поразот на востанието се населува во Софија и од 1904 изучува филозофија и педагогија на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" до 1906 година, а подоцна до 1908 година го продолжува образованието во Женевскиот универзитет.

Се враќа во Бугарија и предава етика во Првата софиска машка гимназија. Во 1919 година специјализирал во Швајцарија, Белгија и Франција. По враќањето во Бугарија работи во Министерството за народна просвета. Во 1914 година Димитар Поп Николов е меѓу основачите на друштво "Одринска Тракија", а подоцна и на Тракиска организацијата на соборот во 1918 година во Одрин (Караагач). Изработува мемоар за Тракија, претставен на делегатите на Париската мировна конференција 1919-1920 година делегат е на тракиските бегалци на конференцијата во Лозана (1922 - 1923) [1].

Од 1921 година е директор на училиште "Тодор Минков" во Софија. Основач и главен уредник е на весникот "Тракија" од 1921 до 1927 година и на весникот "Народен повик" (1930). Ги објавува книгите: "Одринска Тракија" (1919), "Преображенско востание" (1970), како и повеќе учебници и брошури. Бил народен претставник е во 22 Бугарско народно собрание меѓу 1927-1931 година [2]. Носител на орден НРБ, I, степен од 1975 година.

Починал во 1978 година во Софија.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия България, том 5, Издателство на БАН, София, 1986, стр. 345.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 135.