Одрин

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Едрене)
Прејди на: содржини, барај
Селимова џамија
Бугарската црква Свети Ѓорѓи

Одрин или Едрене (во антиката познат како Адријанопол; (старогрчки: Αδριανούπολις, Адријанополис), турски: Edirne) — град во Источна Тракија, Турција. Се наоѓа во западниот европски дел на земјата, близу до границата со Бугарија. Градот брои 128.000 жители (2002).

Историја[уреди | уреди извор]

Градот бил основан од римскиот цар Адријан на местото на тракиска населба. Во 378 година во близината на Адријанопол била големата битка на војските на римскиот цар Валент со готите. Во оваа битка Римјаните биле поразени, а царот Валент бил убиен.

Во 1362 година, Одрин бил превземен од Турците. Од 1365, па сѐ до 1453 година, Ова бил главен град на Отоманската Империја. За време на Првата балканска војна во 1913 година после долга опсада Одрин бил превземен од бугарските војски, а според Лондонскиот договор од 1913 година, градот бил вклучен кон територијата на Бугарија. По крајот на Втората балканска војна, Одрин поново бил даден на Отоманската Империја.

Во градот функционираат бугарските цркви „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Св. Константин и Елена“.

Историски градби[уреди | уреди извор]

  • Селимова џамија
  • Одринска кула
  • Караван-сарај Рустем паша и Екмекчиоглу Ахмет паша
  • бугарската црква „Св. Ѓорѓи“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]