Договор од Едрене (1547)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Договор од Константинопол

1547
Потпишан 1547
Место Едрене, Османлиска Империја
Потписници  Османлиско Царство
Habsburg Monarchy Хабсбуршка монархија

Договорот од Едрене бил потпишан во 1547 година помеѓу Османлиска Империја и Австрија.

Во 1541 година Сулејман I продолжил со воената кампања во Унгарија, која резултирала со заземање на тврдината Будим (Буда). По оваа победа, Османлиската империја воспоставила контрола над централна Унгарија[1]. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против Фердинанд I, најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола. Откако Фердинанд се обидел да ја презеде Пешта, Сулејман во 1543 година се вратил во Унгарија и ја претворил катедралата во Будим во џамија. На крајот бил постигнат договор во 1547 г., во кој биле вклучени Франција, Венеција, и папа Павле III; Фердинанд се согласил да му исплаќа на султанот 30.000 дукати на годишно ниво. Ова му овозможило на Сулејман повторно да ја нападне Персија, да го поврати Табриз и да го преземе градот Ван во наредната година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cartography in the traditional Islamic and South Asian societies by John Brian Harley p.245 [1]