Крум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Крум
Хан на Бугарија
Опис на Крум од 14 век
Владеење 803–814
Починал(а) 13 април 814(814-04-13)
Претходник Кардам
Наследник Омуртаг
Придружник на непознато
Деца Омуртаг
Будим
Династија Крумова династија (најверојатно Дуло)

Кнез Крум (803-814) е еден од трите кнезови кои имале титула Канас у Биги (Кнез у Бога) уште „Од Бога, владетел”. Кнез Крум се залагал за ослободување на Словените на Балканот и нивно потпаѓање под права бугарска власт. Бугарите ја победиле византиската војска кај реката Струма. 809 успешно ја опсадиле Сердика(Софија). Крум на византиската војска им ветил безбедно излегување од тврдината, но го прекршил ветувањето и погубил 6000 војници. Ова го натерало византискиот император Никифор I да поведе голема војска на поход против Бугарија. Византиската армија успешно ја поминала Балкан планина, победувајќи бугарски одред од 12 000 војници, кои сакал да го спречи нивното навлегување во Мизија. Вториот бугарски одред е поразен пред престолнината Плиска на 20 јули 811. Византиската војска ја ограбила Плиска и направила голем масакр. Враќајќи се по најкраткиот пат преку планината, кнезот Крум ги фатил во заседа. Ја уништил цела војска и го заробил византискиот император Никифор I. Подоцна од неговите коски направил пехар за вино.

Крум — средновековен бугарски кнез кој на бугарскиот престол го наследил Кардам. За време на неговото управување Бугарија ги засилила позициите на Балканскиот полуостров и во Европа, благодарение на бројните победи на бојното поле. Крум ги поставил првите закони во империјата и започнал со спроведување на административна реформа.

Денеска не постојат директни извори околу титулата со која се служел. Византиските извори го нарекуваат архонт. По аналогија со неговите наследници Омуртаг и Маламир во современата историографија Крум обично е нарекуван Канас.

Потекло[уреди | уреди извор]

Некои историчари сметаат дека Крум потекнува од Куберовата гранка на родот Дуло[1] и е нов човек во Плиска, но нивното мислење не е поддржано од историските извори.

Владеење[уреди | уреди извор]

Први години[уреди | уреди извор]

Се смета за докажано дека управувањето на Крум започнало пред 800 година. Две години по поразот на Аварскиот хаганат во 803 од Карло Велики[2], Крум ги покорил остатоците од некогаш силната земја и границата со Франките била утврдена на Дунав кај денешниот град Пешта. За оваа победа на Бугарите како извор дал кратко известување во лексиконот "Судан" од 10 век. Бугарија и Франките станале непосредни соседи по долината на среден Дунав. Трансилванија, поради своите богатства на сребро и камена сол им обезбедила на Бугарите голема меѓународна трговска положба.

Во 807 година византискиот император Никифор I започнал поход против Бугарија со цел да ја потчини. Неговите сили стигнале само до Одрин, по кое Никифор морал да се врати во Константинопол поради гласини дека се подготвува преврат во главниот град. Ова му овозможило на Крум да преземе иницијатива. Во 808 година тој започнал напад по течението на Струма. Како резултат на тоа во државната каса платите на локалните војници во висина од 1.100 литри злато.

Од страна на кнезот Крум, во 809 година била заземена Сердика (денешна Софија). Градот имал важно економско и стратешко значење, бидејќи низ него минувале многу важни трговски патишта за Константинопол, и бидејќи од таму можело лесно да се нападне Македонија. Во Константинопол разбирале какви се намерите на бугарскиот владетел и презеле соодветни мерки. Најпрвин Никифор испратил воени единици, кои ќе ја обноват власта во градот. Ова се покажало неуспешено, бидејќи испратените византиски војници се побуниле. Друга превентивна мерка претставувало протерувањето на Словените од Средна Струма во Мала Азија и населување на грчко население во овие земји. Целта била да се зајакне грчкото влијание во регионот, за сметка на словенското. Оваа одлука исто така се покажала неуспешна, бидејќи новото грчко население, исто така се побунило. Ова довело да визнтискиот владетел преземе нови акции.

Византиски поход од 811[уреди | уреди извор]

Од страна на кнезот Крум, во 809 година била заземена Сердика. Одговорот на византискиот император не задоцнил кога во почетокот на 811 година Никифор I организирал воен поход кон Плиска, главниот град на бугарските кнезови. Кнез Крум презел дипломатски мерки за мир, но Никифор го отфрлил неговиот преедлог "поради сопствените злонамери и поради едномислието на своите советници"[3]. Императорот лично ги повел тагмите по Стара Планина[4] и на бугарска територија влегол на 20 јули 811 година. Во наредните три дена, Никифор пристигнал пред портите на бугарската престолнина Плиска и започнал со нејзина опсада. Византиската воена кампања се одликувала со невидени злосторства над локалното население, кое било подложено на колење без разлика на пол и возраст. Откако византискиот император ја ограбил и уништил резиденцијата на Крум, заминал кон Константинопол како победник. Додека византискиот император бил зафатен со целосната пропаст и уништување на Плиска, Крум ги мобилизирал сите расположливи сили и се подготвил за одмазда. Тој бил разгневен, како од одбивањето на царот да склучи мир, така и од невидените злосторства, грабежи и самоволие од византиските сили. Бугарите ги опколиле влезовите и излезите на планинските премини со дрвени бедеми и направиле заседи во тесните грла. Така, во теснините на Врбишкиот превој бугарските сили катастрофално ги поразиле на Византијците, притоа убивајќи го Никифор I. Ставрикиј, синот на Никифор, тешко ранет во грбот, успеал да избега жив и во големи страдања пристигнал во Адријанопол (Одрин). Според летописот, кога била отсечена главата на Никифор, Крум го исчистил неговиот череп и со гордост наздравувал со него кога пиел со неговите советници.

По големата победа над византиската војска и смртта на царот Никифор I во битката кај Плиска во 811 година, Византиската Империја се нашла во многу тешка ситуација. Синот на Никифор и легитимен наследник Ставракиј, кој бил сериозно ранет во битката, бил соборен во есента истата година, по државен удар. Михаил I Рангабе бил прогласен за император.

Бугарија, која исто така претрпела тешки загуби и големи материјални штети за време на кампањата на Никифор, исто така морала да ја реорганизира својата армија и ресурси и не била во можност да започне нова војна до следната година. Бугарските напади биле главно концентрирани во Тракија, но, исто така и по долината на река Струма. Многу градови биле запленети и нивната популација била испратена далеку на север во Бугарија преку Дунав.

Конфликти 812-814[уреди | уреди извор]

Границите на Бугарија во времето на Крум
Крум и Михаил I ги собираат своите војски [5]

Во меѓувреме Бугарите продолжиле со напади во Тракија но во есента на 812 им бил понуден мир. Бугарската делегација била предводена од страна на Добромир[6][7], но византискиот цар одбил да склучи мир поради "сугестиите на неговите советници", како што вели Теофан[8]. Сепак, вистинската причина најверојатно биле точката три од договорот од 716 година според кој бегалците и од двете страни ќе бидат взаемно разменетииако без разлика дали некој од нив имал заговор против власта[9]. Таа точка била важна за Византијците поради авторитетот на нивните цареви кои биле ослабени, но, по кризата во Бугарија во средината на 8 век, овој предлог станал изгоден и за нив. Како одговор на одбивањето, бугарските сили го опколиле Несебар. И покрај загубата кај Несебар, Византијците не биле подготвени да ја решат ситуацијата по мирен пат[7]. Во текот на зимата на 812-813 година, кнезот Крум започнал интензивни подготовки за напад против Византија и Михаил кога разбрал, соодветно започнал со подготовка за одбрана. Во февруари 813 бугарските сили организирале неколку напади во Тракија, но набргу се повлекле по првите судири со Византијците. Повлекувањето се сметало од страна на византискиот император како победа[10] и тоа повлекување го охрабрило да направи контра напад.

Византиската војска се упатила кон север, но не ги презела сите активности за да се врати назад градот Несебар. Тие се сместиле во близина на Адријанопол каде војската започнала грабежи на своја земја.[10]. Во мај бугарскиот кнез Крум исто така своите сили ги упатил кон Адријанопол[11]. Во јуни двете армии се сретнале во близина на малата тврдина Версиникија, северно од Адријанопол. Двете армии биле доста вознемирани што чекале дури 13 дена во жешките летни денови на Тракија за почеток на битката. Битката кај Версиникија траела кратко. По првичниот византиски успех, бугарските сили успеале да им нанесат еден од најголемите порази на византиските сили. Победата кај Версиникија и понатаму ја влошила хаотичната ситуација на Византија и му дала на бугарскиот кнез можност за напади во близина на самиот византиски град Константинопол. Битката исто така ја запечатила судбината на Михаил I Рангабе кој бил принуден да абдицира и да се повлече во манастир.

Патот кон Цариград бил отворен и бугарската војска започнала поход кон освојување на византиската престолнина[12]Имало уште неколку тврдини во Тракија, кои останале во византиски раце, особено Адријанопол кој бил опколен од братот на Крум. На 17 јули 813 Крум пристигнал пред ѕидините на Цариград и го поставил својот логор без никакви пречки[12][13]. Бугарите изградиле ровови по целата должина на ѕидовите на градот, а потоа Крум одеднаш понудил мировен договор[14]. По неуспешниот атентат врз Крум, тој разгневен наредил да бидат разграбени и опожарени црквите и манастирите во Источна Тракија.[15], заробените византиски војници да бидат убиени додека богатството од грабежите да биде однесено кон Бугарија. Замоците и населени места во внатрешноста на Источна Тракија биле ограбени и целосно уништени. Кулминација на гневот му бил заземањето на Адријанопол и поробувњето на 10.000 војници кои го штитиле градот[16]. Крум по ова започнал масовна подготовка за напад на Константинопол, која вклучувала Словени, Авари и специјални опсадни објекти. Загрижен од сите овие подготовки императорот започнал зајакнување на ѕидовите на градот и заштитните објекти. Опсадата била повлечена поради смртта на Крум на на 13 април 814. Во градот била наметната бугарска воена администрација на чело со крумовиот брат[17]. Со мировниот договор склучен во 814/815 година од кнез Омуртаг, Адријанопол бил вратен во пределите на Византија[18].

Внатрешна политика[уреди | уреди извор]

Крум освен како голем војсководец, исто така бил и талентиран државник. Тој ги создал првите пишувани закони. Според една легенда тој ги распитал на аварските воени затвореници за причините кои довеле до колапс и уништување на нивната држава и по ова тој ги создал своите закони врз основа на нивните одговори. Примерите за Крумовите закони се среќаваат во византиската енциклопедија "Свидас" од 10 век. Овде треба да се напомене фактот дека за прв пат бил направен обид да се воведе единствен правен поредок во земјата. Овие закони требало да ги усогласат правата на Словените и Бугарите во државата.

Крум ги направил и првите чекори кон административна реформа. Тој ја отстранил племенската автономија во Тракија и ја доверил областа на својот брат. Гувернерите на новите области биле назначувани директно од владетелот, а не како досега - племенските водачи на Словените. Освен тоа територијата на областа не зависела од територијата населена од некое племе.

За малиот мериод од неговото управување, Крум постигнал територијално проширување и зајакнување на државата, како никој друг пред него. Победите во битките на Балканот ги зацврстиле позициите на Бугарија не само пред Византија, но и во цела Европа, издигајќи ја земјата како трета сила на континентот. Тој продолжил со обединување на Словените на полуостровот, а по него главна цел на бугарските владетели станало освојување на Константинопол.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Йордан Андреев, Милчо Лалков, Българските ханове и царе от кнез Кубрат до Цар Борис ІІІ, Велико Търново 1996 г., стр. 45
  2. Encyclopædia Britannica
  3. Цитат на хронистот Теофан.
  4. Еден од ретките такви случаи, според бугарскиот византолог Мутафчиев, 1935 г.
  5. Минијатура од хрониката на Јоан Скилица, XII век
  6. Theophanes Continuatus, Chronographia, p. 12
  7. 7,0 7,1 Josephus Genesius, Vasiliai (Reges), p. 12
  8. Theophanes Confessor, Chronographia, p.497
  9. Theophanes Confessor, Chronographia, p. 499
  10. 10,0 10,1 Theophanes Confessor, Chronographia, p. 500
  11. Scriptor Incertus, Historia, p. 336 - 337
  12. 12,0 12,1 Theophanes Confessor, Chronographia, p. 503
  13. Scriptor Incertus, Historia, p. 342
  14. Златарски, И. История на България, Т 1, Ч 1, 271 - 272
  15. Scriptor Incertus, Historia, p. 342 - 344
  16. Georgius Monachus, Chronicon, col. 981
  17. Гюзелев, Кавханите и ичиргу-боилите, с. 52
  18. Рънсиман, История на Първото българско царство, с. 71

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Кардам >>> кнез на Бугарија (ок.803814) >>> Омуртаг