Борис II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Борис II (околу 929 - 978 или 979) — бугарски владетел на Првото Бугарско царство од Крумовата династија во периодот од 969 до 971 година. Тој е првороден син од бракот на царот Петар I со царица Ирина Лакапина.

Заедно со неговиот брат Роман бил даден како заложник во Цариград, каде што во 969 (според некои историчари во 970) година, по смртта на цар Петар, браќата се вратиле во Бугарија.

Борис II станал цар на Бугарите во многу лоша состојба на земјата. Од север земјата била нападната од Киевска Русија, и бил заземен главниот град Преслав. Потоа кнезот Светослав I го зазел и Пловдив, по кое се упатил кон Тракија. Во меѓувреме, во 969 година, византискиот император Никифор II Фока бил убиен и на престолот се качил Јован I Цимискиј кој се обидел да го убеди Светослав да се повлече од Бугарија со дипломатски средства, но безуспешно. Во 970 година руско-бугарската војска влегла во Тракија. Светослав со себе го донел кандидатот за византискиот престол - Калокир од Херсонес. Градот Филипопол (Пловдив) бил преземен и дел од неговите жители биле убиени. Византискиот војсководец Варда Склир успеал да ја порази Русија кај Аркадиопол, но неуспехот не ги сопрел нападите на Светослав.

Според договорот руските војници се повлекле од Бугарија. Спротивно на ветувањата, Цимискиј ја наметнал византиска воена администрација во освоените бугарски територии во Тракија и источна Мизија. Бугарскотоцарство заедно со Бугарската патријаршија биле уништени, а царот Борис II бил однесен како заробеник во Константинопол.



Петар I >>> Борис II, цар на Бугарија (970971) >>> Роман