Опсада на Сердика (809)
Опсада на Сердика | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-бугарски војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Бугарија | Византија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Крум | непознато | ||||||
Сила | |||||||
непознато | 6,000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
непознато | 6,000 |
Опсадата на Сердика се одвила во 809 година во Сердика, денешниот град Софија во Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите. Во опсадата, за првпат бугарските сили предводени од хан Крум користиле машини при воените дејствија. Бугарите градот го зазеле на 9 април по кое го ограбиле и го напуштиле.[1].
Позадина[уреди | уреди извор]
Откако го уништил целосно аварскиот хаганат, хан Крум своите походи ги насочил кон југозападните територии. Овие територии биле населени со Словени, по течението на реката Струма и Македонија. Најголема пречка за идните планови на владетелот претставувала силната византиска тврдина Сердика.
Конфликт[уреди | уреди извор]
Во почетокот на 809 година, Крум го ставил градот под опсада на неколку недели, но отпорот бил силен. Тогаш тој ветил на на византискиот гарнизон безбеден транспорт до империјата, под услов тврдината да се предаде во бугарски раце. Гледајќи ја тешката положба, Византијците го прекинале отпорот и на Велигден ги пуштиле Бугарите во градот.
Последици[уреди | уреди извор]
Според Теофан Исповедник Крум не го исполнил ветувањето и започнал со убиства на сите војници и дел од мирното население. Потоа градот бил ограбен, а голем дел од неговите жители панично побегнале од него. Подоцна Крум исто така ја напуштил тврдината.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Зошто во 809 година ханот Крум ја зазел Сердика? (''бугарски''), В: Историја, 2 - 3, 2008, с. 33 – 52.
Литература[уреди | уреди извор]
- Златарски, В. Историја на бугарската држава во средниот век, том I, дел 1, Софија 1970, Изд. „Наука и изкуство“, с. 315-321 (од „Книги за Македонија“, 24.11.2008)
- Атанас Пејчев и колектив, 1300 години на стража, Вонно издателство, Софија 1984.
- Јоордан Андреев, Милчо Лалков, Бугарските ханови и цареви, Велико Трново, 1996.
- Norwich, John J. (1991). Byzantium: The Apogee. Alfred A. Knopf, Inc. ISBN 0-394-53779-3.