Пресијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пресијан
Хан на Бугарија
Натпис од Филипи, кој денеска се наоѓа во Археолошкиот музеј во Филипи, Грција.
Владеење 836–852
Починал(а) 852
Претходник Маламир
Наследник Борис I
Придружник на непознато
Деца Борис I
Династија Крумова династија
најверојатно Дуло
Татко Звиница

Хан Пресијан I или Персиjaн[1][2][3][4] — бугарски владетел на Првото Бугарско царство од Крумовата династијаво периодот од 836 до 852 година. Тој бил син на Звиница, внук на хан Омуртаг и внук на хан Маламир. Во времето на неговото владеење се намалила визаниската моќ на Балканскиот полуостров и териториите на некогашна Античка Македонија попаднале под контрола на Бугарското царство односно териториите од реката Струма до Бело Море, северна и средна Македонија и Јужна Албанија до Јадранското Море. Пресијан ја поделил Бугарија на 10 комитати (области). Тој бил татко на идниот цар Борис I. Во натписот од Филипи е ја има титулата: На многуте Бугари од Бога архонт.

Управување[уреди | уреди извор]

Војна со Византија[уреди | уреди извор]

По стапување на престолот, Пресијан ја продолжил војната со Византија, кога испратил една бугарска војска под команда на кавхан Исбул во правец кон Солун, со цел да се поддржи бунтот против византиската власт на словенското племе Смолјани, кои ја населувале долината на реката Места односно Западните Родопи. Во близина на античкиот град Филипи (837), Бугарите извојувале победа над виазнтиските сили на чие чело се наоѓал Алексиј Мозеле[5]. За овој настан сведочи т.н. Натпис од Филипи:ја

Кој и да ја бара вистината, Бог го набљудува, кој и да лаже, Бог го гледа. На христијаните Бугарите направија многу добрини. И христијаните ги заборавија, но Бог тоа го гледа[6].


Како резултат на овие настани Бугарија ја контролирала Родопската област и за прв пат достигнала на брегот на Бело Море. На тој начин на Византијците им била прекината копнената врска меѓу главниот град Константинопол и Солун.

Присоединување на Македонија[уреди | уреди извор]

Најверојатно во периодот 837 - 842 година Бугарите ги зазеле словенските територии од Македонија, западно од реката Струма.

Територијата на Булгарија во времето на Пресијан

Војна со Србија[уреди | уреди извор]

Вознемирена од навлегувањето на Бугарите во Македонија, царицата Теодора II, регент на малолетниот син Михаил III Пијаница, се обидела да ги насочи српските племиња против Бугарија, кои неодамна се обединиле под управува на кнез Властимир. Во 842 година меѓу Бугарите и Србите избувнал конфликт. Бугарите извршиле инвазија во српските земји, но по три години војна претрпиле пораз. Мирот бил обновен без територијални промени[7].

Односи со Франките[уреди | уреди извор]

Во 843 година се слуил еден настан со кој имал големи последици за Западна Европа. Владетелот на Франките и император на Западот, Лудвиг Побожниот починал, по кое управувањето на неговите територии било поделено помеѓу неговите синови. Во 845 година кај владетелот на источниот дел од земјата, Лудвиг II во Падерборн пристигнале бугарски амбасадори, кои го потврдиле мировниот договор, кој постоел помеѓу двете земји[8].

Смрт[уреди | уреди извор]

Хан Пресијан починал во 852 година и бил наследен на престолот од неговиот син Борис I.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Натпис од Филипи
  2. Бешевкиев, Веселин, Прабългарски епиграфски паметници, Издателство на Отечествения фронт, С., 1981, стр. 78-80
  3. Божилов, Иван, Стара българска литература, Том III — Исторически съчинения, Български писател, С., 1983, стр. 352
  4. Гюзелев, Васил, История на България, Том I — История на Средновековна България, Дял втори : Езическа България, Глава седма : Хан и ханство „на многото българи" (814 - 852), Анубис, С., 1999, стр. 159
  5. Гюзелев, Васил, История на Средновековна България VII — XIV век, Дял втори : Езическа България, Глава седма : Хан и ханство на „многото българи" (814 - 852), Анубис, С., 1999, стр. 160
  6. Бешевлиев, Веселин, Прабългарски епиграфски паметници, Издателство на Отечествения фронт, С., 1981, стр 79 - 80
  7. Гюзелев, Васил, История на Средновековна България VII — XIV век, Дял втори : Езическа България, Глава седма : Хан и ханство на „многото българи", Анубис, С., 1999, стр. 161
  8. Л.И.Б.И., Том II, Фулденски летописи, Издание на Българската Академия на Науките, С., 1960, стр. 43


Маламир >>> Пресијан, кнез на Бугарија (836852) >>> Борис I