Михаил III Пијаницата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Михаил III
Цар на Византија
Михаил III
На престол842–867
ПретходникТеофил
НаследникВасилиј I
Роден(а)19 јануари 840
Починал(а)23/24 септември 867 (27 години)
Цариград
ПридружникЕвдокија Ингерина
Жена
Полно име
Михаил III
ДинастијаАмориска династија

Михаил III (19 јануари 840 – 23/24 септември 867) — византиски цар од 842 до 867 година. Михаил III бил третиот и последен член на амориската династија, позната и како фригиска династија. Му бил даден понижувачкиот прекар Пијаница од непријателските историчари на следната македонска династија, но современото историско истражување делумно ја поправило неговата репутација, покажувајќи ја важната улога на неговото владеење во издигнувањето на Византија како моќна држава во деветтиот век.[1][2]

Живот[уреди | уреди извор]

Младост и регенство[уреди | уреди извор]

Оваа монета искована за време на владеењето на Теодора покажува како Михаил бил потиснат од неговата мајка, која е прикажан како самостоен владетел на предната страна, и дури помал од неговата сестра Текла, која е прикажана заедно со младиот Михаил на задната страна на монетата.

Михаил бил најмладото дете на царот Теофил и неговата царица Теодора. Крунисан како совладетел на неговиот татко како дете во 840 година, Михаил имал две годинакога неговиот татко починал и Михаил го наследил како самостоен владетел на 20 јануари 842 година.

За време на своето малолетство, империјата била раководена од регентство водено од неговата мајка Теодора, нејзиниот вујко Сергиј и министерот Теоктист. Царицата била иконопоклоник и го расчинила и заменила Јован VII, заменувајќи го со Методиј I во 843 година. Ова ставило крај на вториот бран на иконоборството.[3]

Како што растел младиот цар, дворјаните околу него се бореле за влијание. Бидејќи неговиот вујко Варда му бил многу мил, па му ја доделил титулата Цезар (Цезар – во тој период титула втор веднаш до царот) и му дозволил да го убие Теокрист во ноември 855 година. Со поддршката на Варда и друг вујко, успешниот војсководец именуван како Петрон, Михаил III го отфрлил регенството на 15 март 856 година и ги испратил мајка си и сестрите во манастир во 857 година.[4]

Војување[уреди | уреди извор]

Крунисување на Василиј Македонецот за совладетел (десно)

Внатрешната стабилизација на држевата не била целосна по должините на границите. Византиските сили била поразени од абасидите во Памфија, Крит, и на границата со Сирија, но византиската флота од 85 бродови постигнала победа над арапите во 853 година. Имало и многу други мисии околу Егејот и во близина на сириското крајбежје, со вкупно 300 бродови. По походот воден од Михалиовиот вујко Петрон против павлиќаните од иточната граница и арапските граници во 856 година, царската влада ги раселила во Тракија (отсекувајќи ги од нивните едноверци и населил друга гранична област).[5] Михаил исто така е спомнат во записите на Константин VII, поради неговото покорување на словените населени на Пелопонез[6]

Започала војна меѓу византијците и бугарите во 855–856 година. Империјата сакала да ди ја врати контролата над некои области во Тракија, вклучувајќи го тука Филипополис (Пловдив) и пристаништата околу Бургашкиот Залив на Црното Море. Византиските сили, водени од царот и Варда, биле успешни во походот и освоиле голем број на градови: Филипополис, Девелт, Анхиал и Месембрија како и областа Загора.[7][8] Во тој период за време на походот Бугарите биле зафатени со војната со франките под водство на Лудвиг Германски и хрватите.

Михаил III земал активно учество во војните против абасидите и нивните вазали на источната граница во 856–863 година, особено во 857 мгодина кога испратил армија од 50.000 луѓе против Умар ел-Акта, емирот на Малатија. Во 859 година тој лично ја опсадил Самосата, но во 860 година морал да го напушти својот поход за да ги одбие нападите на русите на Цариград. Во 863 година Петрона го поразил и убил емирот на Малатија во Битката кај Лалакаон и го прославил својот триумф во главниот град.[9]

Надмоќта на Варда и Христијанизација на Бугарија[уреди | уреди извор]

Варда го оправдал своето узупаторство на регенството со воведување на голем број на внатрешни реформи. Под влијание на Варда и Фотиј I, Михаил ја надгледувал обновата на разурнатите градови и структури, отворањето на затворените манастири, и реорганизацијата на царскиот универзитет во Маганаурскиот дворец п=сите раководени од Лав Математичарот.[10] Фотиј, кој бил обичен лаик, кој влегол во световните редови и бил унапреден на позиција Вселенски патријар по расчинувањето на проблематичниот патријарх Игнатиј во 858 година.[11] Ова создало шизма во самата црква и иако Цариградски синод од 861 година го птврдил изборот на Фотиј I за патријарх, Игнатиј се пожалил до папата Никола I, кој го прогласил Фотиј I за нелегален патријарх во 863 година. Михаил претседавал со синодот во 867 година на кој Фотиј I и останатите три источни патријарси го екскомуницирала папата Никола I и го осудиле латинкото филиокве дејство кое се однесувало на почитувањето на Светиот Дух.[12] Спорот поврзан со патријахалното седиште и надмоќта во црквата биле биле влошени од успехот на активните мисионерски напори на Фотиј I.

Крштевањето на Борис I Бугарски

Под водство на патријархот Фотиј I, Михаил ја спонзорирал мисијата на Св. Кирил и Методиј до хазарискиот каган во обид да се спречи ширењето на Јудаизмот меѓу казарите. Иако оваа мисија била неуспешна, нивнатѕа следна мисија во 863 година ги пробратила жителите на Голема Моравија и ја создале глаголицата како азбука за пишување на словенскиот јазик, осигурувајќи на тој начин ссите говорители на словенскиот јазик да се пробратат во православни христијани на нивниот мајчин јазик наместо на друг туѓ јазик.[13]

Плашејки се од можното пробратување на Борис I во христијанин под франкско влијание, Михаил III и Варда ја нападнале Бугарија, наметнувајќи го преобратувањето според византиските обичаи iкако дел од мировната спогоба од 864 година. Михаил III бил поддржувач, преку полномошник, на Борисовото крштевање. Борис го зел и дополнителното име Михаил за време на церемонијата. Византијците исто така им дозволиле на Бугарите да си ја вратат спорната гранична област Загора.[14] Пробратувањето на бугарите се смета за едно од најголемите културолошки и политички достигнувања на Византија.[15]

Издигнувањето на Василиј Македонецот и убиството на Михаил[уреди | уреди извор]

Убиството на Варда пред стапалата на Михаил III

Бракот на Михаил III со Евдокија Декаполитиса бил безчеден, но царот не сакал да ризикува скандал обидувајќи да се омажи со љубовницата Евдокија Ингерина, ќерка на варјашкиот (северен) царски стражар Ингер. Решението кое го изнашол било Ингерина да се омажи со неговиот омилен дворјанин и казнец Василиј I. Додека Михаил ја продолжил својата врска со Ингерина, Василиј се задоволи со сестрата на царот Текла, која била повикана од манастирот од нејзиниот брат Михаил III. Василиј стекнал големо влијание над Михаил, и во април 866 година о убедил царот дека Варда кова заговор против него при што Михаил дозволил истиот да биде убиен. Сега без сеиозни противници, Василиј бил крунисан за совладетел на 26 мај 866 година и бил посвоен од далеку помладиот Михаил. Овој интересен развој можеби бил наменет за озаконување на можното наследување на престолот на синот на Евдокија Ингерина Лав VI, за кого се верувало дека бил син на Михаил. Михаил раѓањето на Лав го прославил со трки на двоколк, спорт во кој тој бил енергичен покровител и учесник.[16]

Михаил III управува двоколка, тој бил енергичен покровител и учесник на трките со двоколки.

Ако осигурувањето на законитоста на ЛАв била планот на Михаил истиот потфрлил. Привидно загрижен за услугите кои Михаил ги правел за друг дворјанин, именуван како Василискијан, кого сакал да го прогласи за втор совладетел, Василиј го убил додека лежел несвесен во својата спална соба по синоќешната пијанка во септември 867 година. Василиј со поголем број на неговите машки роднини, и други соучесници, влегол во собата на царот, бравите биле обиени и не била поставена никаква стража. Михаиловиот крај бил грозен, човек именуван какп Јован Халдиски го убил, отсекувајќи му ги двете дланки со меч пред да го докрајчи со убод со мечот во срцето. Василиј како единствен цар, (Василискијан бил убиен во истиот период како и Михаил), автоматски го наследил престолот како владетел.[17]

Михаиловото тело било погребано во Филиповиот Манастир во Хрисополис на азиското крајбрежје на Босфор. Кога Лав VI станал владетел во 886 година, едно од првите дела било откопувањето на телото на Михаил и негово презакопување, со голема церемонија, во царскиот мавзолеј во Црквата Свети Апостоли во Цариград.[18]

Оставнина[уреди | уреди извор]

Амориска или фригиска династија
Хронологија
Михаил II 820–829
со Теофил совладетел, 822–829
Теофил 829–842
со Константин (о. 833–835) и Михаил III (840–842) совладетели
Михаил III 842–867
под Теодора и Теоктист регенти, 842–855, и со Василиј I совладетел 866–867
Наследување
Претходела
Лав V и Арапска династија
Следела
Македонска династија

Владеењето и личноста на Михаил III е тешко да се процени поради непријатеските записи напишани од византиските автори кои пишувале по волјата на Василиј I и неговите наследници. Византиските записи го опишуваат Михаил како секојдневна пијаница, како опседнат со тркањето на двоколки и неговите претстави со кои ги исмејувал литургиите и обредите на црквата. Записите од арапските извори, сепак, го претставуваат Михаил како активен и честопати успешен восководец.[1]

Иако Михаил III наводно сакал да се расфрла со пари, неговото владеење ја стабилизирало економијата, и до 850 година годишните приходи на империјата се зголемиле на 3.300.000 номизмати. Конечниот завршеток на иконоборството на почетокот на неговото владение довел до ренесанса во сликовната уметност. Империјата направила бројни внатрешни реорганизации и постигнала религиозна обединетост, и силно му се спротивставила на Абасидскиот калифат. Најважно било што Бугарија била трансформирана во верски и културен сателит на Византија. Најголема заслуга за сето ова, сепак, се должи на Теодора и Теоктист до 855 година, и Варда и Петрона.[19]

Семејство[уреди | уреди извор]

Михаил III немал деца со Евдокија Декаполитиса но се верува дека бил татко на еден од двата сина на неговата љубовница Евдокија Ингерина, која била во брак со Василиј I:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Gregory, p. 231
  2. Fossier, p. 315
  3. Treadgold, p. 447
  4. Treadgold, p. 450
  5. Treadgold, pp. 450–451
  6. Arhweiler and Laiou, pp. 7-8
  7. Gjuzelev, p. 130
  8. Bulgarian historical review, v.33:no.1-4, p.9.
  9. Treadgold, p. 452
  10. Tougher, p. 69.
  11. On the 19th of December 858 Photios was a layman, on the 20th he was tonsured and over the next four days was ordained lector, sub-deacon, deacon and priest; on the 25th of December he was consecrated Patriarch of Constantinople. Photios was a kinsman of both Bardas and Michael III. See Tougher, p 69.
  12. Fossier, p. 325
  13. Treadgold, p.452
  14. Fine, pp. 118–119
  15. Gregory, p. 240
  16. Treadgold, p, 453
  17. Finlay, pp. 180–181.
  18. Tougher, p. 62.
  19. Treadgold, p.455

Извори[уреди | уреди извор]

  • Ahrweiler, H. and Laiou, A.E. (1998) Studies on the Internal Diaspora of the Byzantine Empire, Dumbarton Oaks.
  • Bulgarian historical review (2005), United Center for Research and Training in History, Published by Pub. House of the Bulgarian Academy of Sciences, v.33:no.1-4.
  • Fine, John, V.A. (1983), The Early Medieval Balkans, Ann Arbor.
  • Finlay, G. (1856), History of the Byzantine Empire from DCCXVI to MLVII, 2nd Edition, Published by W. Blackwood.
  • Fossier, R. (1986) The Cambridge illustrated history of the Middle Ages Cambridge University Press.
  • Gjuzelev, V., (1988) Medieval Bulgaria, Byzantine Empire, Black Sea, Venice, Genoa (Centre Culturel du Monde Byzantin). Published by Verlag Baier.
  • Gregory, Timothy E. (2010). A History of Byzantium. Malden, Massachusetts and West Sussex, United Kingdom: Wiley-Blackwell. ISBN 1-4051-8471-X.
  • The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.
  • Mango, Cyril, "Eudocia Ingerina, the Normans, and the Macedonian Dynasty," Zbornik radova Vizantoloskog Instituta, XIV-XV, 1973, 17–27.
  • Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Tougher, S. (1997) The Reign of Leo VI (886–912): Politics and People. Brill, Leiden.
  • Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and Society. Stanford, California: Stanford University Press. ISBN 0-8047-2630-2.
Михаил III Пијаницата
Роден(а): 19 јануари 840 Починал(а): 23/24 септември 867
Владејачки титули
Претходник
Теофил
Византиски цар
842–867
Наследник
Василиј I