Прејди на содржината

Евдокија Декаполитиса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Евдокија Декаполитиса
Византиска царица
На престол855-867
Крунисување823
ПретходникТеодора
НаследникЕвдокија Ингерина
СопружникМихаил III Пијаницата

Евдокија Декаполитиса била византиска царица, сопруга на византискиот цар Михаил III Пијаницата, последен претставник на Фригиската династија.

Михаил III се качил на византискиот престол кога имал две години. Во негово име започнало да управува регентство, на чело со мајка му Теодора II и Теоктист. Во 855 година Михаил II, кој веќе имал наполнето петнаесет години, започнал врска со првата љубовница, Евдокија Ингерина. Царицата Теодора не ја одобрувала оваа врска и решила да избере друга девојка за сопруга на својот син. За таа цел, таа собрала во палатата неомажени старешински девојки кои биле претставени на царот. Меѓу кандидатките била и самата Евдокија Декаполитиса. Нејзиното потекло сепак не е познато.

Изборот на идната сопруга на Михаил III бил направен од самата Теодора, додека на царот тоа право му било одземено. Постапката се претворила во традиција за византискиот царски двор, бидејќи самата Теодора била избрана од свекрвата Ефросина.

Михаил III не бил импресиониран од Евдокија, игнорирајќи ја целосно и продолжувајќи ја врската со Евдокија Ингерина.

Во ноември 855 меѓу царот и регентството настанал конфликт, кој завршил со отстранување на Теоктист и Теодора од регентството. На 15 март 856 Теодора била лишена и од титулата август, но и било дозволено да остане во дворецот до 857, кога била вовлечена во заговор против својот син и била испратена во манастирот на својата ќерка. За време на овие настани положбата на Евдокија Декаполитиса е неизвесна, но таа останала законска сопруга и царицата на Михаил III до неговото убиство на 23 септември 867 година. Царицата Евдокија сепак била поштедена од заговорниците и вратена на родителите. Историските документи не содржат повеќе информации за понатамошната судбина на Евдокија Декаполитиса.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Garland, Lynda (1999), Byzantine Empresses: Women and Power in Byzantium, AD 527-1204, Routledge, ISBN 978-0-415-14688-3
Претходник
Теодора
Византиска царица
855–867
со Евдокија Ингерина (866–867)
Наследник
Евдокија Ингерина