Методиј I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Методиј I Цариградски
Вселенски патријарх
Црква Црква на Константинопол
Ракоположен 843
Службата завршила 847
Претходник Јован VII Цариградски
Наследник Игнатиј I Цариградски
Лични податоци
Роден околу 788
Сицилија
Починал 14 јуни 847
Цариград
Вероисповед Православие
Живеалиште Цариградска патријаршија
Занимање Патријарх
Други папи наречени Методиј

Методиј I Цариградски ( 788 во Сицилија - 14 јуни 847 во Цариград) бил Вселенски патријарх во периодот од 843 до 847 година.

Кога завршил со светското школување се замонашил и почнал да се подвизува во манастир. Патријархот Никифор го зел на служба кај себе. Во времето на иконоборечките цареви насекаде се прочул како одличен бранител на иконопочитувањето. Императорот Теофил го затворил за тоа на еден остров. Во затвор со двајца обични разбојници поминал седум години.

Во времето на императорката Теодора и нејзиниот син Михаил, Методиј бил ослободен и избран за патријарх. Во првата недела од Чесниот Пост, Методиј свечено ги внел иконите во црква и напишал канон во чест на иконите. Еретиците според преданието, најмиле една жена којашто изјавила дека патријархот со неа има нечисти телесни односи. Не знаејќи како поинаку да ја докаже својата невиност, патријархот прејде преку срамот и се соблекол гол пред судот којшто сам го побарал и го покажал своето суво и истоштено тело. Судот очигледно се уверил дека патријархот е наклеветен[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

Религиозни титули
Претходник
Јован VII
Цариградски патријарси
843–847
Наследник
Игнатиј I