Константин V Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Patriarch Constantine V
Portrait, 1900

Константин V ЦариградскиВселенски патријарх од 1897 до 1901. Неговото секулрно име било Константинос Валиадис и е роден во 1833 година во Веса, на островот Хиос.[1]

Живот[уреди | уреди извор]

Неговиот татко бил свештеник и учител. Заедно со него тој ги научич прите букви. Позавршувањето на училиштетона островот тој образованирто го продолжил на Халки, каде дипломирал со почести во 1857 година. Подоцна своето образование го продолжува во Атина.

Кога неговиот вујко Софрониј III, тој заминал со него во Цариград како негов секретар. Во 1864 година тој станал ѓакон. Тој продолжил да биде покрај својот вујко и кога тој се повлекол од позицијата Вселенски патријарх. Тој бил испратен подоцна на подипломски стдии во Стразбур,Швајцарија и Хајделберг.

Во 1872 година тој бил секретар на Светиот синод. Во 1874 година бил прогласен за свештеник, за во 1876 година да биде избран за митрополит Митиленски и бил прогласен за епископ. Тој начествувал со диецезата сè до 1893 година, кога бил преместен во црквата во Ефес. Меѓувремено тој бил, номиниран за патријарх на изборите во 1884, 1887 и 1891 година. На 2 април 1897 година, по повлекувањето на Антим VII, кога бил избран за Вселенски патријарх.

Како патријарх, назначил комитет за прифаќање на Новиот завет во старите текстови, и овицијална верзија од истиот за употреба во Цариградската патријаршија. Ова дело излегло од печат по неговото заминување како патријарх, во 1904 година. Особено заинтересирн бил за упоребата на световната византиска музика. Исто така се справувал и со проблемот кој настанал по прекинувањето на односите со Антиохискиот патријарх и воспоставил односи со Англиканската црква.

За време на светата недала во 1901 година, како резултат на внатрешните кавги во патријархатот дел од епископите побарале повлекување на патријархот. Имало и обиди за помирување на двете спротивставени фракции но сето тоа завршило без успех. Конечно наутрото на Велики петок во 1901 година тој потпишал указ со кој се повлекува од начелствувањето со патријаршијата.

По неговото заминување тој се повлекол на Халки, каде поради компликации настанати поради дијабетисот починал на 27 февруари 1914 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Επίτομο Γεωγραφικό Λεξικό της Ελλάδος (Geographical Dictionary of Greece), Μιχαήλ Σταματελάτος, Φωτεινή Βάμβα-Σταματελάτου, εκδ. Ερμής, ΑΘήνα 2001
Духовни титули
Претходник
Антим VII
Цариградски патријарх
1897–1901
Наследник
Јоаким III