Дионисиј III Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дионисиј III Цариградски
Вселенски патријарх
Dionysius iii.jpg
Дионисиј III
ЦркваЦариградска патријаршија
ПретходникПартениј IV
НаследникКлимент
Редови
Чинпатријарх
Лични податоци
Роден?
Андрос, Грција
Починал1696
Света Гора
НационалностГрк

Дионисиј III Цариградски (? - 1696) — грчки духовник и вселенски патријарх од 1662 до 1665 г.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е на островот Андрос во семејството Вардалис, Пардалис или Спанос (Βαρδαλής, Παρδαλίς, Σπανός). Од 1652 до 1662 г. служел како лариски митрополит. Во 1659 г. ја презема и Пруската (Бурсенска) епархија по бесењето на митрополитот Гавриил Бурсенски на 30 април 1657 г.

Во 1662 г. е избран за вселенски патриајрх. По негова иницијатива, во 1663 г. Мануил Костурски ја основа Големата народна школа во Цариград, која потоа е прогласена за Патријаршиска академија. Се вклучува и во црковните спорови во Русија, предизвикани од промените на патријархот Никон.

На 21 октомври 1665 г. се повлекува од престолот и во 1666 г. ја возглавува Солунската епархија.[2] Во 1669 г. оди во Ерусалим, а потоа се сместува на Света Гора. Таму ги обновува Големата Лавра и скитот „Света Ана“, каде потоа живее.[3] Таму умира, и погребан е на 14 октомври 1696 г.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Venance Grumel, Traité d'études byzantines, «I. La Chronologie», Presses universitaires de France, Paris, 1958, стр. 438.
  2. ΚΑΤΑΛΟΓΟΣ ΕΠΙΣΚΟΠΩΝ ΤΗΣ ΑΠΟΣΤΟΛΙΚΗΣ ΕΚΚΛΗΣΙΑΣ ΤΗΣ ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗΣ
  3. „Η Σκήτη της Αγίας Άννης“. Patfinder.  Unknown parameter |access_date= ignored (помош)
  4. „Διονύσιος Γ´“. Οικουμενικό Πατριαρχείο.  Unknown parameter |access_date= ignored (помош)


Претходник
Партениј IV
Цариградски патријарх
1662-1665
Наследник
Климент I