Киријак II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Киријак II Цариградски — 34-ти Вселенски патријарх (595–606). Тој претходно бил презвитер и домаќин, на големата црква во Константинопол (Велигденска хроника, p. 378). Грегориј ги примил пратениците кои ги носеле писмата од синодот за неговото запапување, делумно несакајќи да го наруши мирот во црквата, и делумно поради почитта која ја имал за Киријак, но во неговиот одговор го предупредил против гревот за предизвикување поделби во црквата, укажувајќи на употребата на титулата Вселенски патријарх, што Грегориј го согледал како „универзумски“ или дури „исклучиел“ епископ (Грегориј, Ep. lib. vii. 4, Patrologia Latina lxxvii. 853). Личните чуства на Грегориј кон Киријак се најпријателски.

Киријак не присуствувал на Грегориевите молења за да не се користи неговата титула, за да Грегориј да му пише на него и на императорот Маврикиј, објаснувајќи дека не може да дозволи неговите пратеници да останат и да служат заедно со Киријак се додека ја имал таа титула. Во подоцнежните писма тој го споредува користењето на титулата со гревот на Антихрист, бидејќе двајцата покажувале духовност со безаконска гордост. „Quisquis se universalem sacerdotem vocat, vel vocari desiderat, in elatione sua Antichristum praecurrit“ (секој кој себе си се нарекува Вселенски патријарх, или посакува да се нарекува така, е претходникот на Антихрист) (Грегориј Ep. 28, 30). Во писмо до Анастасиј I Антиохшки, кој му пишал на него за да се спречи нарушувањето на мирот меѓу црквите, Грегориј го бранел неговиот став на основа на тоа што Киријак сторил неправда кон сите останати патријарси со тоа што ја земал таа титула, и го потсетува Анастасиј дека не само еретиците туку и дека еретичари биле претходно паријарси во Константинопол. Тој исто така се противи на употреба на титулата на повеќе основи (Ep. 24). И покрај сето ова Киријак бил цврст во убедувањето да ја задржи титулата, и најверојатно свикал, или пак договорил собор, за да го одобри нејзиното користење. За во 599 година Грегориј му напише писмо на Евзебиј Солунски и на некој други епискупи, дека начул дека тие наскоро ќе присуствуваат на собор во Константинопол, и молејќи ги да не потпаѓаат на сила или пак притисоци, туку да бидат решителни и да го одбијат признавањето на навредливата титула (ib. lib. ix. 68 in Patr. Lat.).

Киријак Најверојатно ја споделувал непопуларноста на императорот Маврикиј што довело до негова смена и смрт (Теофаниј Chronicle, A.M. 6094; Niceph. Callis. H. E. xviii. 40; Theophylact. Hist. viii. 9). Но сепак, имал влијание да побара од Фока на неговото крунисување православна исповед и ветување дека нема да ја вознемиува црквата (Теофаниј Хроники, A.M. 6094). Тој благородно го одбил обидот на Фока да ги одведе императорката Константина и нејзините ќерки од засолништето во црквата во Константинопол (ibid., A.M. 6098).

Можно е да постоело негодување предизвикано од спротиставувањето на неговата волја, што предизвикало Фока лесно да ги прифати тврдењата на Бонифациј дека Рим треба да се смета за главен над сите цркви, исклучвајќи ги тврдењата на Констинопол за вселенско епископство (Vita Bonifacii III, in Philippe Labbe, Acta Concil. t. v. 1615).

Киријак починал во 606 година, и бил погребан во црквата Св. Апостоли (Chronicon Paschale, p. 381). Се верува дека бил човек со исклучителна скромност и искреност, способен да ги придобие на своја страна сите страни. Изградил црква посветена на Богородица во улица во Константинопол наречена Ѓаконица (Theophanes Chronicle, A.M. 6090; Niceph. Callis. H. E. xviii. 42).

Наводи[уреди | уреди извор]

Религиозни титули
Претходник
Јован IV
Цариградски патријарх
596–606
Наследник
Тома I