Вселенски патријарх
Вселенски патријарх Истанбул | |
---|---|
Епископија | |
православие | |
Актуелен: Вартоломеј I Од 2 ноември 1991 година | |
Стил | Негова сесветост |
Црква | Црква „Свети Ѓорѓи“, Фенер, Истанбул, Турција |
Прв актуелен | Апостол Андреја/Анатолиј |
Создавање | 38/451 |
Мрежна страна | patriarchate.org |
Обраќање на Вселенски патријарх Вартоломеј I Цариградски | |
---|---|
Службен стил | Негова сесветост |
Говорен стил | Ваша сесветост |
Верски стил | Вселенски патријарх |
Постхумен стил | N/A |
Вселенски патријарх („Негова божествена сесветост архиепископот Цариградски, Нов Рим и Вселенски патријарх“) — архиепископ Цариградски – Нов Рим и се рангува како primus inter pares (прв меѓу еднаквите) во православната црква, и се смета за духовен водач на 300 милиони православни христијани ширум светот.[1][2][3]
Вселенскиот патријархат на Цатриград е една од најиздржливите институции во светот и има важна улога во светската историја. Вселенскиот патријарх во антиката помогнал во ширењето на христијанството и во разрешувањето на различни доктрински спорови. Во средниот век тие имале голема улога во случувањата во православната црква, како и во политиката во православниот свет и во ширењето на христијанството меѓу Словените. Денес, покрај ширењето на христијанската вера и православната доктрина, патријарсите се вклучени и во екуменизмот и меѓуверскиот дијалог, добротворна работа, и одбрана на православните вредности.
Во петте апостолски седишта во пентархијата, Вселенскиот патријарх се смета за наследник на Апостол Андреја. Моменталниот начелственик е Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, 270-тиот по ред патријарх.[4]
Статус во православната црква
[уреди | уреди извор]Вселенскиот патријарх е прв меѓу епископите во православната црка, начелствува лично – или преку назначено лице – на секој собор на православните цркви или епископи во кој ја има улогата на главен говорник за православната заедница, особено при воспоставувањето на контакти со други христијански цркви. Тој нема директан надлежност над останатите патријарси или други автокефални православни цркви, но тој, самиот меѓу сите останати го има правото да свика вонредни синоди кои се состојат од патријарсите или нивните делегати за да се справат со ненадејни ситуации и исто така има свикувано сеправославни синоди во последните 40 години.
Покрај тоа штое е духовен водач на повеќе од 300 милиони православни хриситијани ширум светот, тој е директен административен началник на диоцезата и архдиоцезата опслужувајќи милиони грчки, украински, русински, и албански верници во Северна и Јужна Америка, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд, и делови од современа Грција кои, од историски причини, не се под надлежност на Грчката православна црква.
Неговата позиција е патријарх на Цариградската праославна црква, една од четиринаесетте автокефалн и неколку автономни цркви и ако не една од најстарите од четирите православни првични седишта меѓу петте патријахални христијански центри кои ја сочинувале пентархијата на неподелената црква. Во неговата улога како поглавар на православната Цариградска црква, ја има и титулата архиепископ Цариградски, Ново Римски.[5]
Не треба да се поистоветува со латинскиот Цариградски патријарх, титула која не постои денес, и била создадена по латинското освојување на Цариград во 1204 година, за време на четвртата крстоносна војна. Оваа титула станала непотребна со повтоното заземање на градот од виантијците, половина век подоцна. Исто така, надвор од православието, како грчки Цариградски патријарх.
Историја
[уреди | уреди извор]Седиштето на Византија (градот Цариград) традиционално се верува дека е основан од Апостолот Андреја. Сепак, е историски поверојатно дека патријархатот ја преземал оваа улога започнувајќи со промената на главниот град на Источното Римско Царство од Рим во Цариград, од страна на Константин Велики што било завршено во 451 година, инспирирано од идејата на Јустинијан I за пентархија.
Вселенскиот патријарх историски е познат како грчки Цариградски патријарх, за да се направи разлика од Ерменскиот Цариградски патријарх и крстоносниот латински Цариградски патријарх.
Турската влада го признава како духовен водач на грчкото малцинство на Турција, и му се обраќа како грчки православен Фенерски патријарх (турски: Fener Rum Ortodoks Patriği). Патријархот бил потчинет на авторитетот на Отоманското Царство по освојувањето на Цариград во 1453 година, е до прогласувањето на Република Турција во 1923 година. Денес, според турските закони, тој подлежи на законите на Република Турција и потребно е да биде граѓнин на Турција.
Цариградскиот патријарх бил наречен Вселенски патријарх уште од VI век.[6] Точното значење на ова именување, кое било во употреба повремено од прелатите од средината на V век, никаде не е официјално дефинирана, според Оксфордкиот речник за правосланата црква, титулата била критикувана од католичката црква како несоодветна со она на светата столица.[6]
Света Гора
[уреди | уреди извор]Манастирските заедници на Света Гора се ставропигија и се директно под владение на Вселенскиот патријарх, кој е единствениот епископ со владение на таа територија. Света Гора, „Автономна манастирска држава на Светата Планина Monastic State of the Holy Mountain“, е самоуправен дел од Грција, под владение на Министерството за надворешни работи од политички и под владение на Вселенскиот патријарх од верски аспект.[7]
Улога во православието
[уреди | уреди извор]Вселенскиот патријарх има единствена улога меѓу православните епископи, но и таа не е без оспорувања. Тој е primus inter pares („прв меѓу еднаквите“), бидејќи тој е најглавен меѓу православните епископи. Ова првенство, напишано во канонската литература како presbeia, му дава прао на Вселенскиот патријарх да претседава со сите сеправославни синоди.
Дополнително, канонската литература на православната црква му дава право на Вселенскиот патријарх да ги ислуша жалбите за случаи поврзани со спорови меѓу епископите. Сепак, дали овие канонски права се ограничени само на неговиот патријархат или пак се универзални низ православната црква е тема на дебата, особено меѓу Вселенскиот патријарх и Руската православна црква.
Историски, Вселенскиот патријарх има примено вакави жалби и понекогаш бил поканет да интервенира во другите црковни спорови и потешкотии. Има примери дури и од времето на Св. Јован Златоуст (IV век), Цариград бил инструмент за расчинување на многу голем број на епископи надвор од традиционалното владение. Ова се случува и до ден денес, кога во 2006 година патријархатот бил повикан да помогне во прогласувањето за неспособен за извршување на функцијата на архиепископот Кипарски поради заболеност од Алцхајмерова болест.[8] Дополнително, во 2005 година, Вселеснкиот патријарх свикал сеправославен собор за да му соопшти на православниот свет дека е расчинет патријархот Иринеј од Ерусалим.[9] Во 2006, патријархатот бил поканет да ја сослуша жалбата на рускиот православен епископ во Обединетото кралство во спорот со неговиот претпоставен во Москва, но резултатот од жалбата и правото да донесе одлука биле оспорени од Москва.[10]
Вселенскиот патријарх нема директно владение надвор од Цариградската патријаршија, право дадено од канонските записи, неговата првична функција е сметање на целата православна црква како единствена целина и да се справува со односите меѓу автокефалните и автономните цркви. Со други зборови, неговата основна улога е да го промовира и одржува единството во црквата.
Оваа посебна улога го прави Вселенскиот патријарх „духовен водач“на православната црква, иако ова не е официјална титула на патријархот ниту пак е користена во пишаните извори на патријархатот. Ваквата титула е прифатлива ако се однесува само на оваа единствена улога, но истата понекогаш доведува до погрешното верување дека титулата е еднаква со онаа на папата. Но, сепак, не постои православно тврдење за еднаквост со папството: православните цркви функционираат како синодички систем, додека пак свештеничките работи се разрешуваат од соодветен синод од епископи, во кој секој епископ има еден глас. Петте патријарси на старата пентархија (Рим, Цариград, Александрија, Антиохија и Ерусалим) им се оддава поголема чест, но немаат вистинска моќ над останатите епископи освен што го водат синодот (во кој сите имаат по еден глас).
Во 2007 година, патријархот ја одобрил Равенскиот документ, католичко-православен документ со кој епископот Римски е навистина Prōtos („прв“) во црквата, слично на „прв меѓу еднаквите“ а не над останатите, иако наредните разговори треба да се одржат на целосно еклециолошка употреба на папоцентризмот.[11] Според "Subsistit in" in Lumen Gentium, патријархот е вистински световен епископ во Римската еклесиологија, и всушност има несовршено заедништво меѓу Цариград и Рим, кое постои независно и кое може да се подобри во иднина.
Заштита на околината
[уреди | уреди извор]Поради одлуката на Димитриј, кој го воспоставил 1 септември како ден за заштита на околината,[12][13][14] и особено продолжената работа на сегашниот патријарх, Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја има добиено и титулата, „зелен Патријарх“. Па така, ликот на Вартоломеј а со тоа и функцијата Вселенски патријарх денес се сметаат за верски говорници за еколошките проблеми и како „зелен“ духовен водач на светот.[15]
Историја
[уреди | уреди извор]цариградската архиепископија има непрекината историска врска од создавањето на градот во 330 година од страна на Константин Велики. Кога Константин Велики го зголемил Византион за да го направи нов главен град во 330 година, се сметало дека е соодветно епископот, некогаш потчинет на езархот Тракиски и Македонски, митрополитот Хераклејски, и традиционално се смета за наследник на светецот Андреја, ќе биде втор по епископот Римски. По преместувањето на римскиот главен град, епископијата била издигната на ниво на архиепископија.[16] Долг период поглаварите на црквата во Рим се спротивставувале на оваа амбиција, не зашто некој го оспорил нивното прво место, туку зашто тие го бранеле 'Петровото начело' според кое сите патријарси биле наследници на Свети Петар и не биле волни да го прекршат стариот ред на хиерархија од политички причини.
Во 381 година, на Вториот вселенски собор објавил дека „Цариградскиот епископ ќе има предност во чествувањето по епископот Римски, бидејќи сега е тоа Нов Рим “ (канон III). Патријарсите одбиле да го потврдат овој канон. Сепак, престижот на оваа функција продолжил да расте не само поради покровителството на византискиот цар туку и поради физичката и географската важност. Во практиката, епископот Римски ја прифатил оваа ситуација.
Четвртиот вселенски собор од 451 година го воспоставил Цариград како патријархат со свештенско владение над Мала Азија и Тракија како и над сите варварски територии, нехристијанските земји надвор од влијанието на западниот патријархат (Рим) и останатите три патријархати, Александрија, Антиохија и Ерусалим, му дале апелациона надлежност екстратериторијално над канонските закони донесени од останатитие патријарси и му доделиле почести еднакви со оние кои му припаѓаат на христијанското седиште, Рим, во однос на првенството, Рим ја задржал својата надмоќ (канон XXVIII). Лав I одбил да го прифати овој канон, засновајќи се на фактот дека бил донесен во отсуство на неговите легати. Во VI век, официјалната титула бил „архиепископ Цариградски,Ново Римски, и Вселенски патријарх.“[16] Идеалистичката визија за паентархија да владее со сиот христијански свет бил осмислен и за истата се залагал Јустинијан I, Цариградската патријаршија е директен резултат на овој идеал во Византија.
Сегашниот патријарх (од 1991) е Вартоломеј I кој станал попознат од кои и да бил негов петходникво современието како резултат на бројните свештенички и диполматски посети на бројни земји на пет континтенти и отворањето на трајна канцеларија во седиштето на Европската Унија, како и зајакнувањето на одамна воспоставениот патријархат во Прењи-Шанбези, Швајцарија какко и неговите еколошки делувања кои му го донеле прекарот „зелен Патријарх.“
Отоманска етнархија
[уреди | уреди извор]Кога отоманците го освоиле Цариград во 1453 година, патријархатот престанал да функционира. Патријархатот бил возобновен од осојувачкиот исламски отомански владетел, султан Мехмед II, кој посакувал својата династија да ја постави како директен наследник на источните римски цари, и ја придодал титулата Kayser-i-Rûm „Римски Цезар“, една од второстепените титули, но една од најзначајните. Ја возобновил функцијата на патријархот во 1454 година, прогласувајќи го учениот византиски монах Григориј Сколариј, кој бил познат по својот отпор на унијата со латинскиот запад, и го земал патријашкото име Генадиј II.
Патријархот бил наречен милет-баши (етнарх) на милетот Рум, кои ги вклучувал сите православни христијани под отоманското владение, без разлика на нивната националност во современа смисла. Оваа улога биал изведувана од етнички грци, кои се соочувале со голем број на потешкотии и истите имале одреден успех. Неколку патријарси биле погубени од страна на отоманските власти, од кој најзначаен пример е Григориј V, кој бил линчуван во понеделник на Велигден 1821 година како дел од одмазда за избивањето на последното и единствено успешно грчко востание.
Во XIX век, растечкиот национализам и секуларизам меѓу балканските христијански нациидовело до воспоставување на неколку автокефални национални цркви, под владение на автономни патријарси и архиепископи, оставајќи го Вселенскиот патријарх со директна контрола само на христијаните етнички грици во Турција, делови од Грција и архидијацезите во Северна Америка, Азија, Африка и Океанија каде грчката дијаспора создала значајни православни заедници. Турските и Ерменските христијани си имаат свои независни цркви.
Односи со Република Турција
[уреди | уреди извор]Со прогласувањето на Република Турција на 29 октомври, 1923 година, власта на отоманската империја над патријархот била префрлена на Републиката. Туркста држава го признава само како патријарх и духовен водач на грчкото малцинство во Турција, и му се обраќа со „Грчки православен Фанарски патријарх “ (турски: Fener Rum Ortodoks Patriği). Според турскиот закон, кој е на сила до денес, тој е поданик на Република Турција, сепак, Турција го дозволува синодот на митрополитите за избор на патријархот.[17] За да биде избран, турскиот закон побарува кандидатите да бидат турски грѓани по раѓање. Од воспоставувањето на современа Турција, местото на Вселенскиот патријарх било пополнувано од граѓани родени во Турција со грчко потекло. Бидејќи скоро сите православни грци ја напуштиле Турција, со што се ограничува бројот на кандидатите.
Групите за човекови права и христијанските влади долг период протестирале против условите наменати од секуларната влада на Турција на Вселенскиот патријарх, како верска заедница.[18] На пример, верскиот статус доделен во православието, и претходно признаено од отоманските влади, повремено било извор на спорови во Република Турција. Оваа политика создава проблеми во функционирањето на патријархот, бидејќи свештенството кое доаѓа од странство не му се дозволува да се стекне со жителство и работни дозволи.[19] На почетокот турската држава наметнала своја соперничка Турска православна патријаршија, чии верници, сепак, биле во мал број.[19]
Експропријацијата на црковниот имоти условите наметнати со државна контрола на православната школа во Халки,довело до затворање на истата од стрсна на патријархатот, е настан кој се наведува во извештаите на групите за човекови права. Сепак во 2004 година патријархот Вартоломеј I, со помош на турската влада, успеал, по осумдесет години, во менувањето на променливиот состав на дванаесетчлениот синод на митрополити во Истанбул, така што сега може да вклучува 6 епископи надвор од Турција. Тој исто така може да повикува на секои две години собори во Истанбул на сите епископи под негова надлежност.
Вселеснкиот патријархат во Истанбул бил цел на повремени напади од 1993 до 2004 година, вклучувајќи ги тука сквернавењата на патријархалните гробишта како и лични напади врз Вселенскиот патријарх.[20]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Црква „Свети Ѓорѓи“ - Истанбул
- Источнокатолички цркви
- Список на Цариградски патријарси
- Света Гора
- Атинагора Цариградски
- Вартоломеј I Цариградски
- Григориј II Цариградски
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Fairchild, Mary. „Christianity:Basics:Eastern Orthodox Church Denomination“. about.com. Посетено на 22 May 2014.
- ↑ „The Patriarch Bartholomew“. 60 Minutes. CBS. 20 December 2009. Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 11 January 2010.
- ↑ „Quick facts about the Ecumenical Patriarch of Constantinople“. Ecumenical Patriarch of Constantinople. Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 18 June 2011.
His All Holiness Ecumenical Patriarch Bartholomew serves as the spiritual leader and representative worldwide voice of some 300 million Orthodox Christians throughout the world
- ↑ Chryssavgis, John. „Turkey: Byzantine Reflections“. World Policy Journal (Winter 2011/2012). Архивирано од изворникот на 2017-09-05. Посетено на 31 May 2012.
- ↑ Website of Bartholomew, Archbishop of Constantinople New Rome and Ecumenical Patriarch, Ec-patr.org Архивирано на 30 октомври 2019 г..
- ↑ 6,0 6,1 "Oecumenical Patriarch." Cross, F. L., ed. The Oxford Dictionary of the Christian Church. New York: Oxford University Press. 2005.
- ↑ [1] Архивирано на 17 декември 2011 г. "Mount Athos Home Page - Athos Map — Political Situation", Retrieved 2011-11-29
- ↑ Constantine Markides: AG investigates church sex scandal Архивирано на 30 септември 2007 г.. Посетено на 2006-11-28.
- ↑ BBC online: Orthodox leader demoted to monk. Посетено на 2006-11-28.
- ↑ Ecumenical Patriarchate: Press Release for the election of Bishop Basil of Amphipolis Архивирано на 4 март 2016 г.. Посетено на 2006-11-28.
- ↑ Divided in Ravenna, Russian and Estonian Orthodox to talk
- ↑ Goarch.org
- ↑ About.com
- ↑ „Ens-newswire.com“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2015-08-02.
- ↑ Beliefnet.com
- ↑ 16,0 16,1 "Ecumenical Patriarchate of Constantinople", Encyclopædia Britannica 2005 Deluxe Edition CD-ROM.
- ↑ Ecumenical Patriarchate website: Biography of Patriarch Bartholomew I Архивирано на 27 февруари 2018 г.. Посетено на 2006-11-28.
- ↑ EU Turkey Civic Commission: EU Draft Report on Turkey's Progress Towards Accession 2006/2118 (INI) Архивирано на 16 август 2006 г.. Посетено на 2006-11-28
- ↑ 19,0 19,1 „Greek Foreign Ministry - Ecumenical Patriarchate“. Архивирано од изворникот на 2011-11-28. Посетено на 2015-08-02.
- ↑ Human Right Internet: The United Nations Human Rights System, pp. 80–81. Посетено на 2013-10-07
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вселенски патријарх“ на Ризницата ? |
- Ecumenical Patriarchate of Constantinople
- Vice President Al Gore welcomes the "Green Patriarch" to the Vice Presidential Residence in Washington, DC.
- Patriarchs of Constantinople
- CBS 60 Minutes featured on 20 December 2009 a segment entitled "The Patriarch Bartholomew"[мртва врска]
- A repository with scientific papers on various aspects of the history of the Patriarchate in Byzantine times in English and in German Архивирано на 23 август 2010 г.