Михаил III Цариградски
Михаил III Цариградски — Вселенсски патријарх од јануари 1170 до март 1178 година.
Михаил бил назначен за патријарх од страна на царот Мануел I, што кулуминирало во високо почитуванан и интелектулно административна кариера.[1] Пред да стане патријарх, Михаил III бил на важни црковни административни функции, меѓу кои била и рефендар, епи ту сакели, и протодико, од кои последната е функција која одлучувала за барањата за азил во Аја Софија. Најважната негова функција пред назначувањето за патријарх била главен филозоф (ὕπατος τῶν φιλοσόφων), титула која се давала на главниот на империјалниот Цариградски универзитет во XI-XIV век.[2] Во оваа улога тој го осудил неоплатонистите, и го поддржал изучувањето на Аристотел за природните науки.[3] Како патријарх, Михаил III продолжил да се справува со теолошкото прашање за односот меѓу Синот божји и Господ во Светото тројство. Проблемот настанал поради објаснувањето на Деметриј Ламписки (од Фригија) ја анаведувал фразата од евангелието по Јован «ὁ Πατήρ μου μείζων μου ἐστίν», што значи мојот татко е поголем од мене (Јован, XIV.29). Михаил дејствувал како царски главен говорник за ова прашање. Михаил исто така наредил да се прегледаат православните верски како и империјални закони и укази од Теодор Балсамон познат како „Схолија“ (Greek: Σχόλια) (c. 1170).
Михаиловиот патријархат бил одбележан од страна на обидите на царот Мануел I да склучи унија со католичката црква. Продолжувајќи својата долгоопстојувачка папска политика, папата Александар III барал признавање на нивната религиозна власт над сите христијани, и посакувале да имаат надмоќ над царот, не сакале да бидат зависни од волјата на идните цари.[4] Мануел I, од друга страна сакал официјално признавање на неговиот секуларен авторитет како на исток така и на запад.[5] Ваквите услови не сакала да ги прифати ниедна од страните. Дури и доколку прозападниот цар како Мануел I би се согласил, населението во империјата би ја отфрлило оваа унија, како што скоро успеало тристотина години подоцна кога за кус период двете цркви биле во унија под водство на папата. Во постоечката коресподенција Михаил III со голема храброст и непопустливост ја престставува позицијата на својата црква. Оттаму може да се види и добрата работна поврзаност со царот.
Дел од писмата на Михаил III до Мануел I опстоиле,[6] како и неговото обраќање при поставувањето за хипат.[7] Други документи меѓу кои и писмата со папата Александар III му се придаваат на него, но најверојатно станува збор за подоцнежни апокрифи од XIII век.[8] Михаил III можно е да има заслуга за заштитник на младиот Михаил Хонијат, кој компонирал енкомиј во негова чест, дело кое е зачувано до денес.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Magdalino, p. 301.
- ↑ Kazhdan 1991, стр. 964.
- ↑ Hussey, p. 155.
- ↑ A. A. Vasiliev, History of the Byzantine Empire (1952) chapter 7 in passim
- ↑ J.W. Birkenmeier, The Development of the Komnenian Army, 114
- ↑ P. Magdalino, The Empire of Manuel I Komnenos, p. 21.
- ↑ R. Browning, "A New Source on Byzantine-Hungarian Relations", Balkan Studies, 2 (1961), pp. 173–214
- ↑ Hussey, p. 173.
- ↑ P. Magdalino, p. 301.
Извори
[уреди | уреди извор]- Οικουμενικό Πατριαρχείο
- J. M. Hussey. The Orthodoox Church in the Byzantine Empire. Oxford: University Press, 1986.
- Kurtz, Johann Heinrich (1860). History of the Christian Church to the Reformation. Dogmatic Controversies, 12th and 14th Centuries. T. & T. Clark.
- Paul Magdalino. The Empire of Manuel Komnenos. Cambridge: University Press, 1993.
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Лука |
Цариградски патријарх 1170–1178 |
Наследник: Харитон |