Теолепт II Цариградски
Теолепт II Цариградски | |
---|---|
Вселенски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Ракоположен | 16 февруари 1585 |
Претходник | Пахомиј II |
Наследник | Еремија II |
Редови | |
Чин | патријарх |
Лични податоци | |
Националност | Бугарин |
Претх. служба | пловдивски митрополит |
Теолепт II — бугарски духовник и вселенски патријарх од 1585 до 1586 г.
Животопис
[уреди | уреди извор]Бил внук од брат на паријархот Митрофан III.[1] и најпрвин владикувал како пловдивски митрополит. Иако патријархот Еремија II му помогнал, Теолепт ковал заговор против него, врзувајќи се со Пахомиј II. Со симнувањето на Пахомиј, Теолепт на 16 февруари 1585 г. [2] бил назначен за вселенски патријарх не негово место и устоличен во март истата година од александрискиот и антиохискиот патријарх.
Во мај 1586 г. бил на обиколка за прибирање средства низ Молдавија и Влашка, кога ѓаконот Никифор (†1596), приврзаник на прогонетиот патријарх Еремија, успеал да го симне од престолот.[1] Никифор служел како месточувар на престолот до април 1587 г., кога е повторно избран Еремија II, иако бил отсутен од Цариград на долго патување низ Украина и Русија. Еремија дознал за неговото преназначување дури во 1589 г. кога бил Молдавија, на пат за Цариград, каде стасал во 1590 г.и го презел престолот[3]. Во меѓувреме со црквата управувал Никифор, со исклучок на десет дена, кога го заменувал ѓаконот Дионисиј (подоцна лариски митрополит, †1611).[2]
По април 1587 г. синодот го помилувал Теолепт и го испратил во Иберија (Грузија) да прибира средства за црквата, која била во долгови.[1] Во 1587 г. Теолепт усвоил печат на манастирот Сумела, но не е познато дали истиот е издаден правно или бесправно. Познато е дека Теолепт на крајот се помирил со Еремија II[3] и дека помагал во управувањето на црквата до 1590 г., но потоа му се губи трагата во историските записи.
Теолепт е послениот патријарх што заседавал со синодот во црквата „Богородица Себлагословена“ пред да биде претворена во џамија (1586). Патријаршијата се преселила во сиромашната црква „Богородица Утешителка“ (подоцна во маалото „Влав-сарај“ — домот на влашкиот господар во Цариград), каде била сместена сè до 1597 г.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Θεόληπτος Β´“. Ecumenical Patriarchate. Посетено на 12 Sep 2011.(грчки)
- ↑ 2,0 2,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 38,46. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ 3,0 3,1 Gudziak, Borys A. (2001). Crisis and reform : the Kyivan Metropolitanate, the Patriarchate of Constantinople, and the genesis of the Union of Brest. Cambridge, Mass: Ukrainian Research Institute, Harvard University. стр. 31,39. ISBN 0-916458-92-X.
Претходник Пахомиј II |
Цариградски патријарх 1585-1586 |
Наследник Еремија II |