Неофит VI Цариградски
Неофит VI Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
На служба | 27 септември 1734 – август 1740 мај 1743 – март 1744 |
Претходник | Серафим I Пајсиј II |
Наследник | Пајсиј II Пајсиј II |
Лични податоци | |
Роден | Патмос |
Починал | 1747 Патмос |
Претх. служба | Митрополит во Кајсери |
Неофит VI Цариградски — Вселенски патријарх во два наврати, од 1734 до 1740 и од 1743 до 1744 година.
Живот
[уреди | уреди извор]Неофит е роден на Патмос, и кога митрополитот на Кајсери бил избран за патријарх под името Еремија III, тој бил избран да го наследи на местото митрополит во Кајсери.[1] Како митрополит во Кајсери негов поважен ќин било да го возобнови во 1728 година манастиорот на Св. Јован во Кападокија.[1]
Тој бил назначен за патријарх на 27 септември 1734 година[2] поддржан од драгоман од Високата порта, фанариотот Александар Гика.[3] Поради поврзаноста со драгоманот, Големиот везир наредил да го сменат по шестгодишното начелствување, во август 1740 година.[4] Неофит повторно начествувал во кус период од мај 1743 до март 1744 година,[2] и за време на ова начелствување му било наредено од Големиот везир да нема никаков контакт со Александар Гика.[4]
Неговото патријархување не било одбележано со значајни настани и Неофит претежно се занимавал со манастирски прашања. Се допишувал со Никола Цинцендорф, реформаторот на Моравската црква, но не постигнал ништо значајно.[5] По второто начелствување бил протеран на Патмос каде починал во февруари или март 1747 година.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Moustakas Konstantinos. „Neophytos VI of Constantinople“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. Посетено на 25 June 2011.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 41. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ „Neophytos VI“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 25 June 2011.
- ↑ 4,0 4,1 Papadopoullos, Theodōros (1952). Studies and documents relating to the history of the Greek Church and people under Turkish domination. Brussels. стр. 50.
- ↑ Fortescue, Adrian (1908). The Orthodox Eastern Church. Catholic Truth Society. стр. 254.
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Серафим I |
Цариградски патријарх 1734-1740 (прво начелствување) |
Наследник Пајсиј II |
Претходник Пајсиј II |
Цариградски патријарх 1743-1744 (второ начелствување) |
Наследник Пајсиј II |