Прејди на содржината

Фанариоти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на квартот Фанарион, историскиот центар на грчката заедница во Константинопол во отоманско време, ок. 1900 година
Друг поглед на квартот Фанарион, ок. 1900. Во првите редови: Бугарската православна црква Свети Стефан; на врвот на ридот: Константинополската патријаршија

Фанариотите (грчки: Φαναριώτες, романски: Fanarioți, турски: Fenerliler) биле членови на истакнати грчки семејства кои живееле во населбата Фенер во Истанбул[1], каде се наоѓа денешната Цариградска патријаршија. Тие се појавиле како класа на богати грчки трговци кон крајот на 16 век и во следниот период имале големо влијание во администрацијата на Османлиското Царство. Од 1669 до 1821 година (Грчка војна за независност), голем дел од фанариотите биле мнозинство од драгоманите (преведувачи) на османлиската власт, работејќи во странските амбасади. Тие имале значително повисок степен на образование во споредба со општата османлиска популација. Во времето на Грчката војна за независност, Фанариотите одиграле клучна улога. По 1700-те години, голем дел од нив биле именувани како Господари на дунавските кнежевства Молдавија и Влашка.

Веднаш по освојувањето на Цариград, Мехмед II наредил депортирање на целото христијанско население, оставајќи ги само евреите[2]. Во следниот период престолнината започнала да биде населувана главно од муслимани, но христијанското (посебно грчкото) население се засолнило во населбата Фенер[3].

Корените на грчката надмоќ може да биде проследено на потребата на османлиските власти од квалификувани кадри и образовани преговарачи во времето кога силата на империјата започнала да се намалува и кога било потребно од потпишување на разни мировни договори[1]. Исто така од 17 век Османлиите започнале да се соочуваат со проблеми во однесувањето на нивните односи со странство односно со дипломатски преговори. Османлиската традиција долго време ги игнорирала западните европски јазици[4], па Високата порта овие задачи ги доделила на Грците кои имале долга трговска и образователна традиција. Како резултат на тоа овие луѓе биле наречени фанариоти кои најчесто потекнувале од Фенер[5].

Како резултат на фанариотската и црковната администрација, Грците го прошириле своето влијание во текот на XVIII век но ја задржиле својата православна вера за разлика од босанското население на пример, кое за да се вклучи во административниот дел од имеријата го прифатила исламот[4].

Од друга страна пак, под влијание на фанариотите, грчкиот Цариградски патријарх станал апсолутен православен верски водач на сите православни христијани во империјата[5], бидејќи најпрвин била укината Охридската архиепископија а по ова на чело на сите цркви биле поставувани грчки владици.

Во составот на импријата, Османлиите не правеле разлика меѓу националноста и религијата и на тој начин сите православни христијани ги одликувале како единствен ентитет. Позицијата на патријаршијата во империјата довело до охрабрување на грчките жители кои постојано мечтаеле за обновување на Византија[6]. Освен тоа, фанариотите добивале и работа како собирачи на данок и држеле монополи во трговијата. Ова најмногу дошло до израз кога стекнале контрола над трговијата со пченица на Црно Море. По проширувањето на своите комерцијални активности од денешна Романија кон Унгарија, тие своите контакти ги интензивирале со останатите земји од Западна Европа, а како последица на тоа тие слободно можеле да ги изучат странските западни јазици.

Во 1669 година, драгоманот Панајотис Никузис помогнал на Османлиите во зазимањето на Кандија на Крит. Во времето на Dogovor od KarlovciЖКарловачкиот мир, султанот останал толку задоволен од драгоманот Александрос Маврокордатос што го направил свој личен советник. Во периодот на Прутската војна, Влашка и Молдавија застанале на страната на Руската Империја. По крајот на војната, синот на Александрос, Николај Маврокордатос , бил назначен за кнез на Молдавија (1711) и Влашка (1715). Во следните сто години, двете земји биле постојано под власта на фанариотските кнезови. По грчкото востание во 1821 година, фанариотскиот режим во земјата бил отстранет. Со издавањето на Ѓулханскиот хатишериф влијанието на фанариотите значително се намалило.

  1. 1,0 1,1 Encyclopædia Britannica,Phanariote, 2008, O.Ed.
  2. Mamboury (1953), p. 98
  3. Mamboury (1953), p. 99
  4. 4,0 4,1 Stavrianos, p. 270
  5. 5,0 5,1 Hobsbawm pp. 181–85.
  6. Svoronos, p. 83.