Еремија III Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еремија III Цариградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
На служба23 март 1716 – 19 ноември 1726
15 септември 1732 – март 1733
ПретходникКозма III
Пајсиј II
НаследникКалиник III
Серафим I
Лични податоци
Починал1735
Света Гора
Претх. службаепископ во Кајсери

Еремија III ЦариградскиВселенски патријарх во два наврати, првпат од 1716 до 1726 и уште еднаш од 1732 до 1733 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Еремија е роден во периодот меѓу 1650 и 1660 година[1] на островот Патмос, каде работел како ѓакон. Тој служел како свештеник во Халки а подоцна и во Кајсери. Кога неговиот митрополит Кипријан станал патријарх во 1707 година, тој го наследил како митрополит во Кајсери.[2]

Еремија бил избран за патријарх првпат на 23 март 1716 година. Неговото прво патријархување било невообичаено долго во тој период и тој успеал да се справи со два обиди за негово симнување, најверојатно поттикнати од неговите блиски врски со Русија, на 1 јануари 1718 година митрополитот од Бурса, Кирил, бил избран за патријарх на неговот место нао Еремија се вратил на престолот на 17 јануари, и во 1720 година тој бил уапсен и неговиот соперник, претходниот патријарх Кирил IV, владеел од 10 до 22 јануари, кога Еремија повторно седнал на престолот.[3] Еремија бил успешно симнат од престолот на 19 ноември 1726 година поради неговиот судир со владетелот на Молдавија Григориј II Гика поради тоа што недозволил неговиот брат да се разведе, по што бил протеран на Синајската Гора.

Во 1732 година Еремија се вратил од прогон и на 15 септемврии бил назначен за патријарх по вторпат,[3] но само по неколку месеци во март 1733 година бил приморан да го напушти престолот бидејќи страдал од хемипареза, и се повлекол во големиот манастир на Света Гора, каде починал во 1735 година.

Патријархување[уреди | уреди извор]

Прашан од царот Петар Велики за исправноста на крштевањето славено од страна на протестантите, на 31 август 1718 година Еремија му потврдил како и неговиот претходник Кипријан во врска со католичкото крштевање, дека не е потребно да се прекрстуваат протестантите кои преминале во православие.[2]

Во 1720 година тој добил дозвола од султанот да ја возобнови и изгради поголема и посветла православна соборна црква Св. Ѓорѓи, која била уништена во пожар неколку години претходно, па седиштето на патријархатот бил во Фенер.[4] Тој исто така го реорганизирал манастирот на Принцовските Острови, кој бил збогатен со збирка на вредни слики кои биле донација од Петар Велики.

Во декември 1723 година Еремија ја одобрил смената, направена во 1721 година од Петар Велики на Московскиот патријарх кој бил заменет со Пресветиот синод.[2]

По оваа одлука Мелкитите во Дамаск го избрале прозападниот Кирил VI Антиохиски како нов патријарх на Антиохија, Еремија изборот на Кирил го прогласил за неважечки, го екскомуницирал и го назначил младиот монах илвестер за нов патријарх. Еремија го прогласил Силвестер за епископ во Цариград на 8 октомври 1724 година.[5][6] Овие настани довеле до поделба на Меликитската црква на Меликитска грчко-римска црква и Антиохиска православна црква.

Еремија бил штедлив патријарх, со што успеал да го намали долгот и да ја подобри финансиската состојба на патријаршијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Γεννάδιος Ηλιουπόλεως, «Ο Οικουμενικός Πατριάρχης Ιερεμίας ο Γ'», Ορθοδοξία 25 (1950), σελ. 148 (грчки)
  2. 2,0 2,1 2,2 R. Aubert (2003). „Jérémie III“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 28. Paris: Letouzey et Ané. 1001-1002. ISBN 2-7063-0210-0.
  3. 3,0 3,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 41,47. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  4. Μ.Γ.Βαρβούνη, Το Οικουμενικό Πατριαρχείο, εκδόσεις Χελάνδιον, Αθήνα 2006, ISBN 960-87087-5-3, σελ. 23 (грчки)
  5. Korolevsky, Cyril (1924). „Antioche“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 3. Paris: Letouzey et Ané. стр. 647.
  6. on September 27 according to the Julian calendar