Евстратиј Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Евстратиј ЦариградскиВселенски патријарх меѓу 1081 и 1084 година. Монах,кој бил издигнат до патријахалниот престол со влијанието на мајаката на императорот Алексиј I, Ана Даласена, на кого му станал таен советник.[1] Тој бил евнух.

Ана Комнина и други автори го опишуваат како необразован човек со слаб карактер.[2] Поради неговата неписменост и очигледна наивност тој бил замешан во случајот на Јован Италски, кој неговиот претодник, Козма I го осудил. Алексиј морал да го превземе случајот против Италски, бидејќи Евстратиј со свои зборови изјави „подобро би седел во спокој и тишина отколку да се занимава со бучната толпа, и би му се обратил самостојно на Бога.“[3]

За време на војната против норманите, на почетокот на владеењето на Алексиј I во 1081-1082 година, Евстратиј не се противел на одземањето на уметничките дела и светите богатсва од црквите во главниот град, со чие топење се ковале пари со се плаќала армијата на Алексиј I. Овој недостиг на отпор не му бил простен од страна на Лав Халкедонски кој сакал да го тргне од начелствувањето со црквата, во еден период обвинувајќи го, без докази, за пренамена на дел ос богатството за своја лична употреба.[4] Конечно обвинет за кривоверство, Ецстратиј бил ослободен од обвиненијата од стрна на комисија составена од страна на Алексиј I во 1084 година, но одлучил да се повлече.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Ecumenical Patriarchate
  • Comnena, Anna. The Alexiad. New York: Penguin, 2003.
  • Hussey, J.M.. The Orthodox Church in the Byzantine Empire. Oxford: University Press, 1986.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Comnena, pp. 108-109.
  2. Buckler, p. 290.
  3. Buckler, p, 290, note 3.
  4. Hussey, p. 148.
Религиозни титули
Претходник
Козма I
Цариградски патријарх
1081–1084
Наследник
Никола III