Дионисиј II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дионисиј II
Цариградски патријарх
Facial Chronicle - b.22, p. 357.gif
Дионисиј II го испраќа Јоасаф, митрополит на Кизик, како амбасадор на Иван Грозни
Црква Цариградска патријаршија
Избран 17 април 1546
Службата завршила јули 1556
Претходник Еремија I
Наследник Јоасаф II
Лични податоци
Починал јули 1556
Претх. служба Митрополит на Никомедија

Дионисиј II (грчки: Διονύσιος Β΄) бил Вселенски патријарх од 1546 до 1556 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Дионисиј се родил во Галата (сега дел од Истанбул).[1] Во 1516[2]:186 тој бил назначен за митрополит на Никеја и бил избран за епископ од страна на патријархот Теолепт I.[1]

Дионисиј бил наменет од патријархот Еремија I како негов наследник, а по смртта на Еремија тој бил избран на 17 април 1546[2]:39 поддржан од популарните манифестации и против надежите на Светиот синод.[3] За време на неговата патријаршија тој бил обвинет за зголемување на надоместокот на отоманскиот султан за назначување на патријарх, до вредност од 3000 екуси (монети) и за демолирање, наредено од султанот, на големиот крст на кровот од Манастирот Богородица Памакаристос, во тоа време седиште на патријаршијата.[4]

Позначаен настан за време на неговата патријаршија бил патувањето во Италија, во 1546, на младиот митрополит на Кајсери, Митрофан, кој неколку години подоцна ќе стане патријарх. Дионисиј го испратил Митрофан во Венеција, главно поради собирање на финансиски средства, но Митрофан исто така заминал и во Рим и се запознал со папата. Во 1548 овие новости предизвикале голема загриженост кај дел од грчкото население во Константинопол, проследени со немири и обид за убиство на Дионисиј, кого го сметале за виновен како и Митрофан.[5] Дионисиј бил на работ на симнување од престолот, но никакви мерки не биле преземени против него бидејќи тој ја имал поддршката од султанот Сулејман Величествениот.[6]

Дионисиј владеел сè до неговата смрт. Датумот за смртта е спорен помеѓу научниците, како резултат на тоа предложени се неколку дати, 1554 и 1555, но најверојатно точниот датум е јули 1556,[2]:46 заклучок донесен од документите на Венеција.[5] Тој бил погребан во манастир на островот Халки.[1]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Dionysios II“. Ecumenical Patriarchate. http://www.ec-patr.org/list/index.php?lang=en&id=184. конс. 18 јуни 2011 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. ISBN 978-1-4344-5876-6. 
  3. Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 199. ISBN 978-0-521-31310-0. 
  4. R. Janin. (1956). „Costantinople, Patriarcat grec“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques 13. Paris: Letouzey et Ané.
  5. 5,0 5,1 Moustakas Konstantinos. „Dionysios II of Constantinople“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. http://www.ehw.gr/l.aspx?id=7791. конс. 18 јуни 2011 г. 
  6. Frazee, Charles (2006). Catholics and sultans : the church and the Ottoman Empire, 1453-1923. London: Cambridge University Press. стр. 29. ISBN 0-521-02700-4. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]