Богородица Себлагословена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Манастир Богородица Памакаристос
Fethiye Camii
Μονή Παμμακάριστου
Pammakaristos Church facade.jpg
Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати
Припадност Христијанство, Ислам
Архитектонски опис
Архитектонски тип црква, џамија, музеј

Манастирот Богородица Себлагословена или Памакаристос (грчки: Μονή Παναγίας Παμμακάριστου, турски: Fethiye Camii) е муслимански храм кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој објект бил изграден како црква во времето на Андроник II Палеолог. Од 1456 до 1587 година бил седиште на Вселенската Патриjаршија, каде во 1591 година била претворена во џамија.

Денешниот музеј се наоѓа во реонот на Фатих, односно во внатрешноста на стариот град Константинопол.

Историја[уреди | уреди извор]

Според некои истражувачи, црквата била изградена во текот на 11 или 12 век. Исто така, многу историчари веруваат дека таа била изградена во времето на византискиот император Михаил VII Дука (1071-1078), додека пак други веруваат дека тоа се случило во времето на династијата Комнени[1]. Исто така швајцарскиот научник Ернест Мемвери смета дека првата градба била започната уште од 8 век[2].

Капелата која се наоѓала на јужниот дел од црквата била изградена во времето на Палеолозите и црквата била посветена на Христос Логос.

По падот на Константинопол, седиштето на Вселенската патријаршија се префрлило во оваа црква, откако црквата на Светите Апостоли била разрушена. Како седиште на Вселенскиот патријарх црквата останала до 1587 година кога била претворена во џамија во времето на Мурат III, по повод освојувањето на Грузија и Азербејџан.

Комплексот бил напуштен по крајот на Отоманската Империја. Во 1949 година бил обновен и претворен во музеј[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mathews (1976), p. 346
  2. Mamboury, (1933)
  3. Entrance tickets, which up to some months ago had to be bought at Haghia Sophia, are now for sale at the parekklesion.