Џамија Лалели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џамија Лалели
Laleli Camii
LaleliMosqueView.jpg
Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати 41°00′36″ СГШ 28°57′24″ ИГД / 
Припадност Ислам
Осветен 1760
Архитектонски опис
Архитект(и) Мехмет Тахир Ага
Архитектонски тип џамија
Архитектонски стил барок
Завршен 1763
Особености
Висина на куполата (надв.) 24,5 метри
Пречник на куполата (надв.) 12,5 метри
Минариња 2
Материјали гранит, мермер

Џамија Лалели (турски: Laleli Camii) — џамија која се наоѓа во Фатих, Истанбул, Турција[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Џамијата била изградена во времето на османлискиот султан Мустафа III во периодот од 1760 до 1763 година во стил на барок од страна на отоманскиот архитект Мехмед Тахир Ага. Џамијата била разрушена во 1783 година од пожар. Исто така и од пожарот во 1911 година биле уништени медресите. Во моментот има две минариња.

Џамијата била изградена од наемнината на еден комплекс од продавници кој се наоѓа до самата џамија. Самата џамија се состои од една голема просторија од осум огромни столбови[2].

Џамијата има форма на правоаголник, со галерија на западната страна. Ѕидовите се шарени, со мермер во црвена, сина и жолта боја, украсени со разновидни медалјони и скапоцени камења. Михработ и минберот се исто така украсени со скапоцени камења. Внатрешноста е добро осветлена со многубројните прозорци.

Куполата на џамијата е висока 12,5 метри со дијаметар од 24,5 метри.

Во оваа џамија се наоѓаат гробовите на султанот Мустафа III и неговото семејство.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Laleli Complex. ArchNet
  2. Freely, Blue Guide Istanbul