Џамија Бодрум
Џамија Бодрум | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°00′31″N 28°57′20″E / 41.00861° СГШ; 28.95556° ИГД |
Припадност | ислам |
Осветен | 922 |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Завршен | 1965 |
Особености | |
Куполи | 1 |
Џамијата Бодрум (турски: Bodrum Camii, или Mesih Paşa Camii) — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Таа е поранешна православна црква која била претворена во џамија од страна на Отоманското Царство по падот на Цариград.[1] Црквата е позната по грчкото име Мирелеон (грчки: Eκκλησία του Μυρελαίου).[2]
Џамијата се наоѓа во близина на разрушената Цариградска палата во Фатих.
Историја
[уреди | уреди извор]Неколку години пред 922 година, а можеби и во времето на војните против Бугарија и Симеон I, Роман I Лакапин купил една куќа во близина на брегот од морето, во местото наречено Мирелаион, или местото на смолата[3]. По неговото крунисување за нов цар на Византија, ова место станало нова царска палата[4]
Палатата била изградена врз една ротонда која датирала од 5 век, со надворешен пречник од 41.8 метри и била втора по големина по онаа во Рим[5]. Во текот на 10 век, ротондата повеќе не се користела, па се претпоставува дека таа била претворена во цистерна со најмалку 70 столбови[6]. Во близина на палатата на императорот била изградена црква чија намена била да се користи како гробница на императорот и неговото семејство[7].
Првиот човек кој бил погребан била неговата сопруга Теодора, која починала во декември 922 година. Во овој храм биле погребани и неговиот најстар син и ко-император Христофор Лакапин, кој починал во 931 година[8]. Со ова, Роман I Лакапин ја прекинал традицијата сите византиски цареви од Константин I до негово време да бидат погребувани во црквата Свети Апостоли.
Подоцна императорот неговата палата ја претворил во манастир, а по неговата смрт во егзил како монах, тој бил погребан во манастирот[9].
Во текот на 1203 година, верскиот објект бил опожарен[10], во времето на Четвртата крстоносна војна. Во текот на Латинското Царство, објектот бил напуштен, а зградата била поправена дури во текот на следниот век.
По освојувањето на градот од страна на Османлиите во 1453 година, објектот бил претворен во џамија од страна на Големиот Везир Месих-паша во околу 1500 година, за време на владеењето на султанот Бајазит II. Џамијата бил именувана според неговата градба, односно зборот Бодрум значи подземен свод или подрум, а се знае дека во истиот се наоѓале голем број на сводови. Освен ова име, џамијата била позната и според нејзиниот основач.
Џамијата била оштетена од пожар во 1784 и 1911 година, кога била напуштена. Проучувањето и ископувањата под објектот било спроведено во новата турска република во 1930 година, кога Дејвид Рајс оркрил дека станува збор за нова откриена цистерна. Во текот на 1964 до 1965 година, градбата претрпела голема реставрација која била поддржана од страна на Археолошкиот музеј во Истанбул. Така била обновена фасадата. Сепак, по една година истражувањата завршиле.
Во 1986 година, објектот бил отворен како џамија. Цистерната се користи од страна на жените.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Надворешност на џамијата
-
Внатрешност на џамијата
-
Внатрешност на џамијата
-
Фреска во џамијата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Да не се поистоветува со Мехмед паша џамија, која била основана кон крајот на XVI век.
- ↑ Striker, 3. "Идентификацијата на црквата може да се направи благодарение на прецизен опис даден од страна на Петрис Гилис во неговата топографска работа за Цариград."
- ↑ The seller was one Kraterios. Striker (1981), p. 6.
- ↑ The Cambridge Medieval History (1995), p. 563.
- ↑ Името на овој објект не е познато. Striker (1981), p. 13.
- ↑ Striker (1981), p. 13.
- ↑ Императорот исто така донел три мермерни саркофази кои му припаѓале на царот Маврикиј Тибериј и неговите синови. Striker (1981), p. 6.
- ↑ Striker (1981), p. 6.
- ↑ Покрај тоа, неговата ќерка Хелена, вдовицата на Константин VII, биле погребани во овој параклис, наместо во Светите апостоли, покрај нејзиниот сопруг. Striker (1981), p. 6.
- ↑ Најверојатно ова се случило на 18 август 1203 година, кога група на фламански војници, со помош на морнари од Пиза и Венеција, започнале повлекување во јужниот дел од Цариград. Striker (1981), стр 29.
Извори
[уреди | уреди извор]„Џамија Бодрум“ на Ризницата ? |
- Mathews, Thomas F. (1976). The Byzantine Churches of Istanbul: A Photographic Survey. University Park: Pennsylvania State University Press. ISBN 0-271-01210-2.
- Striker, Cecil L. (1981). The Myrelaion (Bodrum Camii) in Istanbul. Princeton NJ: Princeton University Press.
- Krautheimer, Richard (1986). Architettura paleocristiana e bizantina. Turin: Einaudi. ISBN 88-06-59261-0.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Џамија Бодрум Архивирано на 25 мај 2006 г.
- Византиум 1200
|
|
|