Црква Пресвета Богородица кај светилникот (Цариград)
| Црква Пресвета Богородица кај светилникот | |
|---|---|
| Религија | |
| Округ | Голема палата |
| Водство | Цариградска патријаршија |
| Година на осветување | 8 век |
| Локација | |
| Локација | Цариград , Византија Истанбул, Турција |
![]() | |
| Географски координати | 41°00′21″N 28°58′38″E / 41.00583°N 28.97722°E |
| Архитектура | |
| Тип | капела |
| Стил | византиска архитектура |
Црквата Пресвета Богородица кај светилникот - поранешна византиска капела изградена во јужниот дел од Големата палата во Цариград , именувана според светилникот кој се наоѓал до храмот[1]. Во оваа црква се наоѓале едни од најзначајните мошти од христијанските светци.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата најверојатно била изградена во 8 век. Во оваа црква бил венчан идниот император Лав IV[2] . Храмот се наоѓал до церемонијалната палата Хрисотриклинос[3].
Во 940 година во црквата се чувале реликви од Светото копје и Вистинскиот крст, Мандалион, десната рака на Јован Крстител, сандали на Исус Христос, писмото кое ерменскиот крал Авгар V му го испратил на Исус, крпата со ликот на Исус, облеката на Исус, трнскиот венец итн.[4][5].
По заземањето на градот од Латините, голем дел од овие реликви биле пременстени во Западна Европа. За таа цел, францускиот крал Луј IX ја изградил т.н. Света капела во Париз[5], каде сместил голем дел од реликвите, купувајќи ги од латинскиот крал.
Се смета дека храмот бил разрушен во времето на Латинското Царство.
