Џамија Зејрек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џамија Зејрек
Zeyrek Camii
Image-ZeyrekCamii20061230 02.jpg
Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати 41°01′11″ СГШ 28°57′26″ ИГД / 
Религија Сунитски ислам
Држава Турција
Округ Фатих
Осветен од 1118 до 1124
Архитектонски опис
Архитектонски тип црква со квадратен крст
Архит. стил византиска архитектура
Завршено 1136
Карактеристики
Материјали тула

Џамијата Зејрек (турски: Molla Zeyrek Camii) - џамија која се наоѓа во стариот дел на Истанбул, Турција. Овој објект во времето на Византија претставувал комплекс од две цркви и една капела, и денес претставува типичен пример за византиската архитектура од средниот период на Константинопол. Во времето кога бил изграден, комплексот бил втор по големина како градба во Константинопол, веднаш по Аја Софија. Таа била изградена во периодот од 1118-1124 година како црква „Свети Седржател“.

Место[уреди | уреди извор]

Комплексот се наоѓа во Фазилет, Фатих. На помалку од километар на југоисток од џамијата се наоѓа џамија Ески Имарет.

Историја[уреди | уреди извор]

Византиски период[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во периодот од 1118-1124 година како црква „Свети Седржател“ во времето на Ирина Комнина[1]. Манастирот се состоел од главната црква[2], библиотека и болница[3]. По смртта на неговата сопруга во 1124, императорот Јован II Комнин изградил уште една црква во северниот дел на комплексот[2], и храмот бил посветен на Пресвета Богородица Елеуса[2]. Во следниот период била додадена капела која станала место каде биле погребувани дел од членовите на династијата Палеолози[1], како императорот Јован II и неговата сопруга Ирена.

За време на Латинска империја по Четвртата крстоносна војна, комплексот паднал под венецијанска власт[4]. Манастирот се користел и како резиденција на последниот латински император Болдвин. По реставрација на Византија, црквата повторно станала дом за православните монаси, со капацитет од 700 монаси. Еден од најпознатите монаси кои живееле овде бил Генадиј II, кој го напуштил манастирот и станал првиот константинополски патријарх кој застанал на таа функција по исламското освојување на градот во 1453 година[5].

Османлиски период[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на џамијата

По падот на градот објектот бил претворен во џамија, додека манастирот во медреса[6]. Османлиите ја именувале џамијата според Мола Зејрек, научник кој работел во медресата. По завршувањето на медресата во Фатих џамија во 1471 година, учениците ја напуштиле џамијата Зејрек[7].

Објектот неколку години бил напуштен и како резултат на тоа бил додаден во списокот на загрозени споменици на УНЕСКО.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Krautheimer (1986), p. 409
  2. 2,0 2,1 2,2 Ousterhout (2001), p. 133
  3. Gülersoy (1976), p. 213
  4. Van Millingen (1912), p. 227
  5. Van Millingen (1912), p. 232
  6. Eyice (1955), p. 58
  7. Ahunbay (2001), p. 118

Литература[уреди | уреди извор]

  • Eyice, Semavi (1955) (на French). Istanbul. Petite Guide a travers les Monuments Byzantins et Turcs. Istanbul: Istanbul Matbaası. 
  • Ousterhout, Robert (2001). „Architecture, Art and Komnenian Ideology at the Pantokrator Monastery“. Necipoğlu, Nevra. Byzantine Constantinople: Monuments, Topography and everyday Life. Leiden, Boston, Köln: Brill. ISBN 90-04-11625-7. 
  • Ahunbay, Metim; Ahunbay, Zeynep (2001). „Restoration work at the Zeyrek Camii, 1997-1998“. Necipoğlu, Nevra. Byzantine Constantinople: Monuments, Topography and everyday Life. Leiden, Boston, Köln: Brill. ISBN 90-04-11625-7. 
  • Ronchey, Silvia; Braccini, Tommaso (2010) (на Italian). Il romanzo di Costantinopoli. Guida letteraria alla Roma d'Oriente. Torino: Einaudi. ISBN 978-88-06-18921-1. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]