Џамија Бајазид II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џамија Бајазид II
Bayezid Mosque.jpg
Џамија Бајазид II во Истанбул
Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати 41°00′37″ СГШ 28°57′55″ ИГД / 
Припадност Ислам
Осветен 1501
Опис на градбата
Архитект(и) Јакуб Сах Бин султан Сах
Тип џамија
Завршен 1506
Поединости
Должина 40 метри
Ширина 40 метри
Куполи 1
Висина на куполата (надв.) 44 метри
Пречник на куполата (надв.) 17 метри
Минариња 2
Материјали гранит, мермер

Џамијата Бајазид II (турски: Beyazidye Camii) — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Џамијата била изградена во времето на отоманскиот султан Бајазит II. Во моментот се состои од два минариња.

Историја[уреди | уреди извор]

Оваа џамија била изградена во времето на Бајазит II и претставува втора по големина императорска џамија која била изградена во градот по неговото заземање од Отоманците. Претходно, за една од првите џамии кои биле изградени во градот по 1453 година била Фатих џамија, која била оштетена од силен земјотрес. Поради овој податок, Бајазитската џамија денеска има големо историско и архитектонско значење[1].

Архитектура[уреди | уреди извор]

За архитектот на џамијата е малку познато. Се знае дека неговото име е Јакуб Сах Бин султан Сах. Во 1509 година џамијата била погодена од земјотрес, а по ова започнала поправка на нејзината кула. Во времето на Мимар Синан, во текот на 1573 до 1574 година, џамијата била повторно реновирана. Во текот на 1683 и 1764 година, двете минариња биле опожарени. Еден натпис на влезот од дворот сугерира дека поправките на истите била спроведена во 1767 година.

Зад џамијата се наоѓа една мала градина, која содржи турбе или гробница на султанот Бајазит II и неговата ќерка Селџук Хатун, како и на Големиот Визер Коџа Решид паша.[1]. До градината се наоѓаат продавници, чии намена во почетокот била подршка на џамијата. Поранешните јавни кујни на џамијата биле претворени во библиотека во времето на султанот Абдул Хамид II во 1882 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Freely, Blue Guide Istanbul pp. 151–153

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]