Џамија Ѓул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓул џамија
Gül Câmîi
Џамијата од нејзината јужна страна со минаре во позадината
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Координати41°01′36.00″N 28°57′23.40″E / 41.0266667° СГШ; 28.9565000° ИГД / 41.0266667; 28.9565000
Припадностислам
Осветен1490
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква со основа на квадратен крст
Архитектонски стилВизантиска архитектура
Особености
Должина26 м
Ширина20 м
Минариња1
Материјалитула, камен

Џамијата Ѓул (турски Gül Camii, во превод „џамија на розите“) е поранешна црква која била претворена во џамија и која наоѓа во Истанбул, Турција. Црквата била изградена во VIII век во времето на византискиот цар Лав III и претворена во џамија по падот на Цариград. Храмот се наоѓа во областа Фатих и населбата Ајакапи, помеѓу четвртиот и петтиот рид на Цариград.

Идентификација[уреди | уреди извор]

Оваа градба е една од најважните византиски верски градби во Цариград, која преживеала до денес. Сепак, нејзината посветеност и датумот на нејзината изградба се оспорувани. Според некои, станува збор за манастирот Света Теодосија (грчки: Μονή τής Άγιας Θεοδοσίας εν τοις Δεξιοκράτους), а според други пак за манастирот Христос Добротворецот (грчки: Μονή του Χριστού του Ευεργέτο)[1].

Црквата, според Стефан Герлах, кој го посетил храмот во 15 век, била идентификувана како црквата на Света Теодосија. Французинот Жил Паргуар ја идентификувал зградата како црква на Света Ефимија, изградена во времето на императорот Василиј I (867-886). Германскиот археолог Хартмут Шефер во 1960-тите ја идентификувал како храм изграден кон крајот на 11 век, во времето на династијата Комнини и посветена на Христос Добротворецот[2][3]. Германскиот археолог исто така ја исклучил можноста дека во храмот било донесено телото на Света Теодосија по крајот на иконоборството. Но од друга страна, не ја исклучува можноста дека храмот во подоцнежниот период би можело да била посветена на Света Теодосија[4].

Заедно со џамија Ески Имарет и џамија Вефа Килисе, таа е една од најважните, во чија основа се наоѓа квадратен крст[5].

Историја[уреди | уреди извор]

Византиски период[уреди | уреди извор]

На 19 јануари 729 г, уште на самиот почеток на иконоборските прогони, византискиот цар Лав III Исавријанин наредил отстранување на сликата на Христос, кој која се наоѓала пред главната порта на Големата палата во Цариград[6][7]. Додека еден од офицерите на императорот ја извршувал наредбата, група од жени се собрале за да го попречат тоа, а една од нив била калуѓерка по име Теодосија. Таа го затресила скалилото на кое бил качен офицерот, по кое тој паднал и починал а таа била погубена.

По завршувањето на иконоборството, Теодосија била прогласена како маченик и светец и нејзиното тело било погребано во црквата Света Ефтимија ен ту Петрио[8]. Црквата била изградена од страна на императорот Василиј I кон крајот на IX век.

По 1204 година за време на Четвртата крстоносна војна и зазимањето на градот од Латините, храмот бил ограбен и многу свети мошти од црквата биле пренесени во црквите во Западна Европа[2].

Османлиски период[уреди | уреди извор]

За последен пат, црквата се споменува на 28 мај 1453 г, кога последниот император Константин XI отишол да се помоли во неа, пред градот да биде заземан од страна на Отоманците. По доаѓањето на Османлиите, црквата била запоставена. Во 1490 година црквата била претворена во џамија[9]. Минарето било изградено во 1566 година, во времето на Селим II.[9] Помеѓу 1573 и 1578, за време на неговиот престој во Истанбул, германскиот проповедник Стефан Герлах ја посетил џамијата и ја идентификувал како Света Теодосија. Во XVII и XVIII век, објектот бил оштетен од земјотреси, и таа повторно била обновувана.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Müller-Wiener (1977), p. 140.
  2. 2,0 2,1 Schäfer (1973), p. 84
  3. Many sources affirm that the church of Hagia Theodosia stood in the immediate vicinity of the monastery of Christ Euergetēs. Janin (1953), p. 151.
  4. Schäfer (1973), p. 89.
  5. Schäfer (1973), стр. 67-69.
  6. Mamboury (1953), p. 299.
  7. Schäfer (1973), p. 82.
  8. Janin (1953), p. 151
  9. 9,0 9,1 Müller-Wiener (1977), стр. 143.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]