Атик Мустафа Паша џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Атик Мустафа Паша џамија
AtikMustafaPashaMosque20072612 06.jpg
Атик Мустафа Паша џамија
Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати 41°01′18″ СГШ 28°56′38″ ИГД / 
Припадност Ислам
Епархија Балат
Осветен 1059
Архитектонски опис
Архитектонски тип џамија, музеј
Завршен 1922
Особености
Куполи 1
Минариња 1

Џамијата Атик Мустафа Паша (турски: Atik Mustafa Paşa Camii или Hazreti Cabir Camii) е поранешна православна црква која се наоѓала во Истанбул, Турција. По падот на Константинопол црквата била претворена во џамија. Долго време црквата се идентифицирала со Св.Петар, но сепак за тоа нема доволно докази[1].

Црквата била изградена во 1059 година во времето на Исак I Комнин и долго била сочувувана од различни непригоди. Самата црква се одликувала со својата убавина и самата Ана Комнина запишала дека нејзината мајка Ана Даласена често пати доаѓала овде и ја одржувала својата богослужба. По падот на Константинопол, црквата била разрушена од земјотрес во 1509 година. Во 1512 година Мустафа Паша овој објект го претворил во џамија. Во 1729 година, во Истанбул односно во реонот Балат настанал голем пожар каде џамијата доживеала повторна катастрофа но набргу потоа повторно била обновена. Во 1894 година биле срушени минаретите но истите повторно биле изградени во 1906 година. Последната реконструкција на џамијата била во 1922 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Müller-Wiener (1977), p. 83.