Чамлиџа-џамија
| Чамлиџа џамија | |
|---|---|
Çamlıca Camii | |
| Религија | |
| Припадност | сунизам |
| Локација | |
| Локација | Усќудар, Истанбул, Турција |
![]() | |
| Архитектура | |
| Тип | џамија |
| Стил | доцнокласичен османлиски |
| Завршена во | 2019 |
| Спецификации | |
| Капацитет | 63.000 |
| Купола(и) | 70 |
| Висина на куполата (надворешна) | 72 м |
| Минаре(иња) | 6 |
| Висина на минарето | 107,1 м |
Чамлиџа-џамија (турски: Çamlıca Camii) — џамија во округот Усќудар на градот Истанбул и најголемиот муслимански храм во Турција. Има сместивост од 63.000 луѓе и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила.[1][2]
Џамијата е дело на архитектките, Бахар Мизрак и Хајрије Ѓул Тоту, а нејзината изградба чинела 150 милиони лири (59,65 милиони евра).[3] Секое од четирите минариња е високо 107,1 м, во спомен на Битката кај Манцикерт која се одиграла во 1071 г. помеѓу Селџучкото и Византиското Царство.[2]
Ова е еден од повеќе мегапроекти на турската влада како сведоштво за силата на стопанството и белег на владејачката Партија на правдата и развојот и претседателот Реџеп Таип Ердоган.[4]
Џамијата е свечено отворена на 4 мај 2019 г. од претседателот Ердоган.[1] На отворањето присуствувале повеќе странски државници како Маки Сал од Сенегал, Алфа Конде од Гвинеја, Илир Мета од Албанија, Мухамед Штаје од Палестина и претставници на други земји.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Предворие и главен влез
- Западна страна
- Панорама
- Витраж
- Витраж
- Глетка насликана на плочки
- Џамискиот двор
- Украс над сводовите
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Erdogan opens Turkey's largest mosque in Istanbul“. Al Jazeera English. 4 мај 2019. Посетено на 4 мај 2019.
- 1 2 „Turkey's largest mosque opens its doors in Istanbul“. Gulf Times. Istanbul. DPA. 8 март 2019.
- ↑ „Çamlıca Mosque, largest in Turkey, opens in honor of Ramadan“. DailySabah. Посетено на 3 септември 2017.
- ↑ Christie-Miller, Alexander (9 септември 2016). „Bridge, mosque, airport – can Turkey afford Erdoğan's mega-monuments?“. Christian Science Monitor. ISSN 0882-7729. Посетено на 3 септември 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Чамлиџа-џамија на Ризницата ?- Портал на џамијата „Чамилџа“ Архивирано на 24 јуни 2016 г. (турски)
