Џамија Шабанџи Меркез
| Џамија Шабанџи Меркез | |
|---|---|
Џамијата Шабанџи Меркез е најголемата џамија во Турција | |
| Религија | |
| Припадност | ислам |
| Округ | Сејхан |
| Province | Адана |
| Region | Средоземје |
| Статус | активна |
| Локација | |
| Локација | |
![]() | |
| Географски координати | 36°59′29″N 35°20′03″E / 36.99139°N 35.33417°E |
| Архитектура | |
| Архитект(и) | Неџип Дтнч |
| Тип | џамија |
| Стил | отоманска |
| Почеток на градба | 1988 |
| Завршена во | 1998 |
| Спецификации | |
| Капацитет | 28500[1] |
| Висина на куполата (надворешна) | 54 |
| Минаре(иња) | 6 |
| Висина на минарето | 99 |
Џамијата Шабанџи Меркез (турски: Sabancı Merkez Camii) се наоѓа во Адана, Турција и е една од најголоемите џамии во Турција[2]. Надворешноста на џамија приликува на Султан Ахмедовата џамија („Сина џамија“) во Истанбул, додека пак внатрешната декорација е слична на Селимовата џамија во Едрене.
Историја
[уреди | уреди извор]Џамијата Шабанџи Меркез била целосно отворена во 1998 година. Таа е изградена на вкупно 52.600 квадратни метри земјиште и има затворена површина од 6.600 квадратни метри.[3]
Џамијата била изградена заеднички од страна на Турската религиозна фондација и фондацијата Шабанџи Меркез. Сопственоста на џамија е во рацете на Аданската религиозна фондацијата и муфтијата на џамијата.
Џамијата Шабанџи Меркез била изградена на пресекот на главните артерии, железнички линии и патишта кои ја поврзуваат Адана со околните градови и региони. Џамијата е речиси симбол на градот, каде своите високи минариња се видливи од речиси сите страни во градот. Џамијата, која има капацитет од 28.500 луѓе, е симбол како една од најголемите џамии на Балканот и Блискиот Исток.
Џамијата се наоѓа на бреговите на реката Сејхан. Таа има т.н. величествена структура со 6 минариња. Постојат осум столбови кои лежат на главната купола, која пак има пречник од 32 метри. Висината на главната купола е 54 метри од подот. Четирите минариња, кои се во непосредна близина на главната зграда, се високи 99 метри, а другите две минариња кои се со полузатворен трем се високи 75 метри.
Во џамијата постои комплекс којшто вклучува 4 училници, 10 итикаф соби, соби на имамот и муезинот, фонтана итн. Целата калиграфска уметност во џамијата му припаѓа на Хусеин Култу.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Палатата
- Шабанџи џамија
- Шабанџи џамија
- Шабанџи џамија
- Поглед кон џамијата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Official Sabanci Foundation website“. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2021-08-10.
- ↑ „A look into Adana's history by Incirlik Air Base“.
- ↑ „Sabancı Merkez Camii“. Sabancı Vakfı. Архивирано од изворникот на 2015-02-18.
