Црква Исус Спасител

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црква Исус Спасител
Kariye Müzesi
KariyeCamii-Aussenansicht.jpg
Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати 41°01′52″ СГШ 28°56′21″ ИГД / 
Религија Ислам Христијанство
Држава Турција
Осветен 5 век
Архитектонски опис
Архитектонски тип џамија црква музеј
Архит. стил византиска архитектура
Завршено 1948
Карактеристики
Минариња 1

Црквата Исус Спасител (турски: Kariye Müzesi, Kariye Camii, или Kariye Kilisesi) е црква која се наоѓа во Едринекапи, Фатих, Истанбул, Турција[1]. Денеска овој објект е претворен во музеј. Црквата била изградена во текот на 5 век. Се наоѓа во северозападниот дел на Истанбул и претставува еден од најубавите примери на византиската архитектура. [2] По падот на Константинопол во 1453 година, црквата била претворена во џамија. Како таква се задржала се до нејзината реконструкција во 1948 година кога била претворена во музеј.

Назив[уреди | уреди извор]

Најчесто оваа црква се нарекува Хора, кое означувало дека црквата се наоѓа надвор од градските ѕидини. Потеклото на името е поврзано со времето кога била градена во 5 век, кога таа се наоѓала надвор од ѕидините. Во времето кога биле изградени Теодосиевите ѕидини, градбата се нашла во внатрешноста на градот, но таа го задржила своето име. Освен овој назив, во текот на истоијата се употребувал и осланлискиот назив Карије, односно во времето кога била претворена во џамија.

Историја[уреди | уреди извор]

Византиско време[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена кон почетокот на 5 век, северозападно од тогашниот град, односно во тоа време градот се наоѓал во ѕидините. Во времето кога ѕидините биле проширени, под раководство на императорот Теодосиј II (408—450), градбата се нашла во внатрешноста на градот, но и покрај ова таа го задржила своето старо име, кое во превод означува црква во полето[3]. Според Симеон Метафрастес, телата на 84-те христови маченици кои биле погубени во 298 година за време на владеењето на Максимијан биле пренесени од Никеја во Константиноипол и погребани надвор од ѕидините на Константин.

Така, на местото каде биле погребани мачениците била изградена црката Хора. Во манастирот во 740 година бил погребан патријархот Герман I (патријарх од 714 до 730), познат по својата побожност, учење и противење на императорот Лав III Исавријанин во времето на иконоборството. Подоцна, неговите мошти биле пренесени во Франција. Поради врската со Герман I, манастирот станал предмет на омраза на Константин V Копроним и монашкиот живот бил речиси уништен во тој период. Во 743 година кога Артавазд, оженет за ќерката на Лав III, водел борби против Константин V, по неговиот пораз тој заедно со неговите синови биле ослепени и донесени во манастирот. По победата на иконопоклониците во 842 година, Михаил III и неговата мајка Теодора го обновите животот во манастирот а за игумен бил избран Михаил Синкелиј.

Поголемиот дел од структурата на сегашната зграда датира од периодот меѓу 1077 до 1081 година кога Марија Дукина, мајка на Алексеј I Комнин дала наредба за обнова на црквата и самиот храм добил форма на христијански крст, како еден од најпопуларните архитектонски стилови од тоа време. Кон почетокот на 12 век, дошло до рушење на црквата, најверојатно поради претходен земјотрес, па била обновена од страна на Исак I Комнин, син на Алексеј I кој бил погребан во храмот. Денешниот изглед верскиот објект го добил во текот на 14 век, под раководство на Теодор Метохит. Во овој период, од 1315 до 1321 година, бил реновиран ентериерот на црквата, и биле поставени мозаици и фрески. Мозаиците претставуваат најдобар пример за ренесансата на Палеолозите. По ова следувала граѓанска војна во Византија по кое Теодор Метохит бил протеран во 1328 година по налог на Андроник III Палеолог (1328—1341) кој ја узурпирал власта, но по две години му било дозволено да се врати во Константинопол, а тој како монах последните две години од животот ги поминал токму во Хора.

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Во времето на опсадата градот во 1453 година, од црквата неколку икони кои се сметале за чудотворни и заштитнички на градот биле пренесени кон бојното поле, слично како во 1422 година за божествена помош во одбраната на градот од неверниците. Наводно пред ѕидините била истакната и паролата: Боже, заштити ни го градот но не со оружјето на земјата, туку со божјето оружје. Но, по ова градот паднал во рацете на Османлиите, а прва од црквите која била на удар од новите господари била Хора, главно поради близината на ѕидините. По зазимањето на градот, црквата продолжила да опстојува како христијански храм.

Во времето на Атик Али паша, Големиот везир на Бајазид II (1481—1512), објектот бил претворен во џамија и наречен Карије. За да не се гледаат прекрасните мозаици и фрески, тие биле покриени со малтер поради муслиманското верување за идолопоклонство. Францускиот преведувач и топограф Пјер Жил го посетил објектот во 1580 година и според запишаното, тој бил фасциниран од убавината на храмот, но не споменува за мозаиците и фреските. Постојат докази дека зградата претрпела неколку оштетувања во османлиско време од пожар и земјотреси, но прецизни датуми за овие катастрофи не можат точно да бидат утврдени.

Џамијата исчезнала од општиот поглед на градот со текот на времето, кога во 1860 година била откриена од страна на еден грчки архитект. Објектот бил пронајден во лоша состојба. Основните куполи биле распаднати, ѕидовите и сводовите биле напукани и на многу места биле поцрнети со голема влага од чад, дожд и снегодина Во следните години започнала реставрација на објектот.

Мозаици[уреди | уреди извор]

Meister der Kahriye-Cami-Kirche in Istanbul 005.jpg
Meister der Kahriye-Cami-Kirche in Istanbul 004.jpg
Chorachrist.jpg
Chora Church Constantinople (6).JPG

Теодор Метохит најпрвин ја подарил својата огромна библиотека на црквата. Во еден дел од црквата Теодор се насликал себе си на прекрасниот мозаик кое го зазима централното место во храмот.

На овој мозаик, Теодор е клекнат пред Исус, облечен во раскошна облека и со голем турбан на главата, според модата од тоа време. Во својата рака, Теодор држи модел од црквата која ја изградил во чест на Исус. Се смета дека поради овој мозаик, самиот Теодор бил испратен во егзил. Останатите мозаици од кои поголемиот дел од нив се зачувани до денес, го раскажуваат животот на Пресвета Богородица и Исус во различни периоди. Овие мозаици се правени според апокрифни текстови од средниот век, и на тој начин се разликуваат делумно од останатите цркви. На пример во композицијата Деисис, Исус не седи на тронот како во поголемиот дел на слики од тоа време, туку е иправен. Исто така недостасува и фигура од Јован Крстител. Во една од сликите, во ногата на Бгородица стои император Исак I Комнин, а од другата страна принцезата Марија Монголска.

Најголем впечаток привлекуваат мозаиците на Богородица, подредени по хронологија кои раскажуваат за нејзиниот живот, нејзиното детство, изборот за Јосиф и нивната венчавка. Мозаиците поврзани со Исус исто така не отстапуваат. Така, постојат мозаици како Исус ја претвара водата во вино на свадба во Кана, исцелување на тештата на Петар, на младо момче со болна рака, на парализирани и.т.н. На еден од мозаиците се прикажани деца кои собираат по земјата парчиња леб, кои паѓаат од рацете на Исус, при едно од неговите чуда.

Од фреските, најимпозантна е Анастасис или Воскресение. На неа е прикажан Исус, облеченцелосно во бело, како ја држи раката на Адам и Ева и ги вади од гробница. Самата фреска е позната и како Влегувањето во пеколот, и се смета дека самиот Теодор бил погребан под овој стенопис.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ousterhout
  2. Ousterhout
  3. Христијанскиот храм понекогаш погрешно се нарекува Црква Свети Спас

Надворешни врски[уреди | уреди извор]