Палата Антиох

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Административниот дел од градот

Палата Антиох (грчки: τὰ παλάτια τῶν Ἀντιόχου) е поранешна палата која се наоѓала во Константинопол, денешен Истанбул, Турција. Оваа градба била изградена во текот на 5 век а била идентификувана со археолошките укопувања во 1940-тите и 1950-тите години. Палатата се наоѓала во административниот дел од Константинопол, во близина на хиподромот, а дел од нејзините остатоци се видливи и денес. Во текот на 7 век, палатата била претворена во црква и посветена на Света Ефимија.

Историја[уреди]

Палатата била изградена како резиденција на Антиох, евнук од персиско потекло, кој имал големо влијание во времето на Теодосиј II (408-450). По неговата смрт, имотот бил запленет од страна на императорот. За прв пат палатата била откриена во 1939 година, кога фрески од Света Ефимија биле откриени северозападно од хиподромот. Во понатамошните ископувања била пронајдена шестоаголна сала со полукружна форма. Според овие ископувања, оваа градба била изградена во околу 430 година.

Црквата најверојатно била основана во почетокот на 7 век. Во времето на византиското иконобарство објектот служел како продавница за оружје.

Опис[уреди]

Оригиналната палата се состоела од два дела, јужен и северен. Јужниот дел денеска не е достапен за јавноста, додека на северниот дел се наоѓала црквата која била во полукружна форма со 60 метри дијаметар во нејзината основа, а нејзниот двор бил поплочен со мермер. Хексагоналната сала најверојатно на почетокот служела како трпезарија. Дијаметарот на салата бил околу 20 метри, а секој од круговите зафаќал околу 10,4 дијаметри.

Во времето кога дел од објектот бил претворен во црква, покрај тоа биле извршени неколку обновувања.

Надворешни врски[уреди]