Хрисотриклинос (Цариград)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хрисотриклинос
Χρυσοτρίκλινος
Constantinople imperial district.png
План на Цариград
Општи податоци
Стилвизантиска архитектура
ГрадЦариград ,
денешен Истанбул
ЗемјаВизантија
Почната6 век
Урната14 век

Хрисотриклинос или во превод Златна приемна сала претставувала главната приемна и церемонијална сала во Големата палата во Цариград од нејзината изградба во 6 век до 10 век. Описот на палатата е познат главно од книжевни описи додека за изградбата на Дворската капела на Карло Велики во Ахен била инспирација од Хрисотриклинос.

Салата се смета дека била изградена во времето на Јустин II или неговиот наследник Тибериј II (578-582)[1], но постојат извори дека овој објект постоел во времето на Јустинијан I[2]. По византиското иконоборство објектот бил повторно обновен.[2][3] и во 9 век претставувала главна церемонијална сала во палатата. Овде биле примени странските амбасадори, биле организирани банкети за посебни празници особено за Велигден.

Во времето кога била изградена Букелеон, Хрисотриклинос станала централен дел од новата палата. Кога по 11 век резиденцијата биле префрлена во Влахерна значењето на објектот се намалило. Латинските императори како резиденција ја користиле Букелеон. За последен пат Хрисотриклинос се споменува во 1308 година[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cormack (2007), p. 304
  2. 2,0 2,1 2,2 Kostenec (2008)
  3. Cormack (2007), p. 305

Надворешни врски[уреди | уреди извор]