Прејди на содржината

Форум на Константин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Форум на Константин
Карта
Општи податоци
Стилримски форум
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција
Почната4 век

Форумот на Константин е поранешен римски форум кој бил изграден надвор од старите ѕидини на градот Цариград, денешен Истанбул, Турција. Форумот имал кружна форма и имал две монументални порти од источната и западната страна. Столбот на Константин, кој постои и денес, бил ставен во центарот на ова место. Кон форумот се тргнувало од плоштадот Августајон.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во почетокот, на овој столб имало поставено статуа на Константин Велики, но таа паднала во 1106 година во времето на Мануел I Комнин (1143-1180) и била заменета со крст. Според некои извори, форумот бил украсен со антички статуи на слонови, делфини, статуи од Атена, Артемида, Посејдон[1]. Форумот останал во добра состојба до 1204 година, кога градот го зазеле крстоносците и го ограбиле. На северната страна од форумот се наоѓала Сенаторската куќа која според описот од 11 век, имала форма на ротонда и терм со четири големи столбови.

Централно место на форумот имал столбот на Константин. Во времето кога бил изграден, столбот се наоѓал во центарот на форумот на Константин, надвор од денешните градски ѕидини, во близина на т.н. западна порта на Антонинија. Столбот бил висок 50 метри, конструиран од девет цилиндрични порфирски блокови, а на нејзниот врв се наоѓала статуа на Константин. Се смета дека споменикот содржал фрагменти од Вистинскиот Крст. Во подножјето на столбот се наоѓало светилиште кое содржело остатоци од крстовите на двајцата разбојници кои биле распнати со Исус Христос на Калварија, дрвена статуа на Атена од Троја итн. Статуата на Константин од столбот паднала во 1106 година, а во времето на Мануел I Комнин (1143-1180) таа била заменета со крст.

Во времето на Четвртата крстоносна војна и зазимањето на градот од страна на крстоносците, тогашниот сенат дал дозвола за доградба на неговата северна страна каде биле додадени поголем број на антички статуи. Крстот бил отстранет по падот на Цариград во 1453 година и заземањето на градот од страна на Османлиите. Земјотресот од 1779 година предизвикал паѓање на столбот. Истата повторно била вратена од страна на Абдул Хамид I.

Столбот на Константин денес е еден од најзначајните примери на римската уметност во Истанбул. Столбот е висок 35 метри, и денес може да се види од Мраморно Море и од Босфорот, како дел од познатиот историски скајлаин на Истанбул. Во 1955 година колоната била реставрирана, како и во 1972 година.

  1. Allan Doig (2008). Liturgy and Architecture from the Early Church to the Middle Ages. Ashgate Publishing, Ltd. стр. 53–. ISBN 978-0-7546-5274-8.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]