Затвор Анемас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Затвор Анемас
Anemas Zindanları
Vlah bed1.jpg
Поглед кон некогашниот византиски затвор
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција

Затворот Анемас е голема византиска зграда во ѕидините кај Влахерна, во Истанбул, Турција.

Објектот е познат според Михаил Анемас, византиски генерал кој бил првиот човек кој бил затворен во затворот по неуспешниот бунт против Алексеј I Комнен. Во последните години од империјата, во овој затвор биле затворени најмалку шест византиски императори како Исак Ангел кој бил ослепен а подоцна убиен. Објектот се наоѓа во предградието на Влахерна и истиот бил граден во времето на Михаил Комнен врз ѕидините на Ираклиј I (610-641).

Надворешниот дел е висок 23 метри. Надворешно градбата се состои од две правоаголни кули поврзани со еден заеднички ѕид. Една од кулите денеска е позната како кула на Исак Ангел изградена во 1188 година. На фасадата од кулата и денеска можат да се видат два вградени крста.

Извори[уреди | уреди извор]

Координати: 41°02′19″ СГШ; 28°56′27″ ИГД / 41.03848° СГШ; 28.94083° ИГД / 41.03848; 28.94083