Палата Плацидија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Константинопол

Палата Плацидија претставувала официјалната резиденција на папскиот амбасадор во Константинопол и место каде живеел папата кога престојувал во Константинопол. Во оваа палата во текот на историјата се воделе главните разговори меѓу императорот и папата. Овој престој во палатата датира по крајот на Акакиевата шизма во 519 година.

Палатата била изградена од страна на Гала Плацидија, и се наоѓала кај ѕидините на Златниот Рог и денешната џамија Зејрек

Палатата била изградена во текот на 5 век. За прв пат од страна на еден папа била употребена во времето на папа Вигилиј во 547 година како дел од т.н. византиско папство и неговата посета на градот. Во 550 година, Вигилиј решил дека оваа палата не ги задоволува неговите потреби па одлучил да се пресели во базиликата Свети Петар која се наоѓала во градот. Од тоа место папата изготвил документ за екскомуникација на патријархот Мена Константинополски и неговите следбеници. По ова папата бил ставен во еден вид домашен притвор во Плацидија. По неговото бегство од 551 година преку Босфорот, настапило апсење на неговите истомисленици по кое следувало помирување на папата со императорот и негово враќање во палатата. Иако бил во близина на местото каде се одржал Петиот вселенски собор, папата одбил да прати свои претставници.

Палатата од страна на папата се користела до почетокот на Големата шизма.