Музеј на Мозаикот од Големата палата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Музеј на Мозаикот од Големата палата
Büyük Saray Mozaikleri Müzesi
Внатрешноста на објектот
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција

Музејот на Мозаикот од Големата палата (турски: Büyük Saray Mozaikleri Müzesi)) се наоѓа во близина на плоштадот Султан Ахмед во Истанбул, Турција. Мозаиците кои биле пронајдени датират од времето на Византија, најверојатно кога владеел Јустинијан I (527-565) кога овој музеј спаѓал во комплексот на Големата Палата во Цариград. Мозаикот бил откриен од страна на британските археолози на универзитетот Свети Андреј во периодот од 1935-1938 и 1951-1954 година. Мозаикот го претставува најголемиот и најубавиот пример на пејзажните мозаици во доцната антика. Нејзиниот извонреден квалитет на изработка веројатно укажува дека за неговата конструкција императорите ги задолжувале најдобрите уметници од целата територија на Византиското Царство.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]