Воловски форум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Воловски форум
Општи податоци
Стил римска архитектура
Град Константинопол
Земја Византија
Почната 4 век

Воловскиот форум претставувал јавен плоштад кој се користел како место за јавни егзекуции и тортура во Константинопол, денешен Истанбул, Турција. Низ форумот поминувала главната улица на градот, Месе, и се наоѓал меѓу седмиот и третиот рид на градот или во денешната населба Аксарај.

Форумот имал правоаголна форма и имал димензии 250х300 метри. Форумот бил опкружен со портици и неколку статуи. Посебно внимание меѓу нив заслужуваат сликата на Константин Велики и неговата мајка Елена на која држеле позлатен крст. Блиску до форумот се наоѓало пристаништето Елефтерион.

Историја[уреди | уреди извор]

Просторот каде се наоѓал форумот бил изграден во времето на Константин Велики[1] во текот на 4 век.[1], додека името на плоштадот доаѓа од големата бронзена статуа на вол или бик[1][2], која се наоѓала во нејзиниот центар. Статуата била донесена од Пергам во Мала Азија. Во долниот дел од статуата се наоѓала печка каде се гореле осудените на смрт криминалци[1][2]. Во текот на првите христијански прогони во Римската империја под управа на Домицијан (81-96), во истата бронзена статуа бил изгорен и денешниот христијански светец Антипа Пергамски во Пергам[2]. Во времето на Јулијан Отпадникот (361-363) во еден зборник било запишано дека голем број на христијани биле живи изгорени во бронзената статуа, која веќе била транспортирена во Константинопол[3].

Во 610 бил соборен императорот Фока и неговото тело било исто така изгорено на форумот.[1][3]. Според некои извори[3], императорот Ираклиј I наредил да се стопи бронзената статуа за да се исплати армијата која војувала против Персија, но овој податок не е докажан доколку постојат извори за егзекуции на форумот и во наредните векови [3]. Во времето на Јустинијан II (685-695 и 705-711), на плоштадот биле егзекутирани патријарсите Теодор и Стефан[4], кои учествувале во заговор за негово соборување од власт. Во времето на иконоборството, овде биле егзекутирани Света Теодосија и Андреј Критски како подржувачи на иконопочитувањето[3].

Денешната џамија Пертевнијал Султан се наоѓа во близина на форумот. Во 1968-71 година кога покрај џамијата биле изведувани градежни работи, при ископувањата не биле пронајдени никакви остатоци од форумот[5].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Müller-Wiener (1977), p. 253
  2. 2,0 2,1 2,2 Janin (1964), p. 69
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Janin (1964), p. 70
  4. Mamboury (1953), p. 74
  5. Müller-Wiener (1977), p. 254

Литература[уреди | уреди извор]

  • Van Millingen, Alexander (1912). Byzantine Churches of Constantinople. London: MacMillan & Co. 
  • Mamboury, Ernest (1953). The Tourists' Istanbul. Istanbul: Çituri Biraderler Basımevi. 
  • Janin, Raymond (1964). Constantinople Byzantine (2 издание). Paris: Institut français d'etudes byzantines. 
  • Müller-Wiener, Wolfgang (1977) (на German). Bildlexikon zur Topographie Istanbuls: Byzantion, Konstantinupolis, Istanbul bis zum Beginn d. 17 Jh. Tübingen: Wasmuth. ISBN 978-3-8030-1022-3.