Палата Дафне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на административниот град во Цариград

Палатата на Дафне (грчки: Δάφνη) се наоѓала во склоп на Големата палата во Цариград во времето на Византија. Името на палатата дошло според статуата на нимфата Дафне, која била донесена од Рим[1].

Палатата Дафне била една од првите градежни објекти кои биле изградени во новата престолнина на Константин Велики[2]. Објектот бил проширен во времето на Јустин II (565-568), и во следните неколку векови објектот претставувал главна административна зграда на императорите до 8 век. Целиот комплекс вклучувал параклис посветен на Свети Стефан и одаите на императорот. Објектот исто така се користел за официјално крунисување на новите императори, нивни свадби и семејни веселби.

Кога кон 9 век центарот на администрацијата се преселил во палатата Букелеон, значењето на комплексот се намалило за да во Четвртата крстоносна војна целосно биде ограбен. Денеска на местото каде некогаш се наоѓала палатата се наоѓа Султанахмедовата џамија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Paspates (2004), p. 227
  2. Westbrook (2007)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]