Свети Стефан
Свети Стефан, наречен Првомаченик (1 век - околу 36) — првиот христијански маченик.
Животопис[уреди | уреди извор]
Според делата на апостолите, тој бил Евреин роден во странство, кој живеел во Ерусалим и кој ѝ се придружил на црквата многу млад. Тој бил еден од седумте ѓакони назначени од апостолите да се грижат за старите жени, вдовиците и сирачињата. Како хеленизиран Евреин жестоко се противел на јудаистичкиот култ на храмовите. Поради тоа што го искажувал своето противење, бил изведен пред Синедрионот. Неговото бранење на христијанството толку ги разбеснило неговите сослушувачи што бил осуден на смрт со каменување. Еден од тие кои се согласиле со погубувањето бил Саул од Тарс (наречен Свети Павле по неговото преобраќање).[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 8, стр. 178
|
Категории:
- Седумдесет апостоли
- Ранохристијански маченици
- Личности од Новиот завет
- Светци од Светата Земја
- Римокатолички светци од Палестина
- Еврејско-христијански теми
- Погребани во црквата „Сан Лоренцо фуори ле Мура“
- Христијани од 1 век
- Англикански светци
- Свети Стефан
- Погубени за кривоверство
- Чудотворци
- Светци од Новиот завет
- Починати во Ерусалим
- Архиѓакони