Прејди на содржината

Рембрант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рембрант Херменсон
ван Рајн
Роден Rembrandt Harmenszoon van Rijn
15 јули 1606
Холандија Лајден, Холандија
Починал 4 октомври 1669
Холандија Амстердам, Холандија
Занимање сликар
Сопружник Саскија
Хендрикје (неформално)
Татко
Родители Harmen Gerritsz van Rijn and Neeltgen Willemsdr van Zuytbrouck
Деца Rumbartus, Hendrickje, Titus, Cornelia, Cornelia
Христос во Бурата на Галилејското Езеро, 1633

Рембрант Херменсон ван Рајн (холандски: Rembrandt Harmenszoon van Rijn; 15 јули 1606 или 16074 октомври 1669) — веројатно највлијателниот холандски сликар и еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста. Рембрант исто бил умешен печатар и нацртал многу цртежи. Неговите придонеси во уметноста се случиле во текот на златното време на холандското сликарство (за време на XVII век) кога холанѓаните го достигнале зенитот на нивната моќ низ светот, нивното политичко влијание, наука, трговија и култура (особено во сликарството).

Во биографскиот речник Чемберс пишува: „Ниеден уметник немал толкава комбинација на способности, енергија и сила“. „Неговиот однос спрема човештвото е полн со човечко сочувство и емоции“ (Џ. О. Торн: 1962).

Творештво

[уреди | уреди извор]

Единственото познато објаснување од самиот Рембрант за што тој се обидувал да постигне со неговата уметност е пронајдено во писмо кон еден од неговите патрони. Во него Рембрант напишал: „најдоброто и најприродното движење“ (на холандскиdie meeste ende di naetuereelste beweechgelickheijt“). Дали тоа се однесува на материјална цел или нешто друго е оставено отворено за интерпретација. Во секој случај, Рембрант беспрекорно ги составувал материјалното и духовното како ниеден друг уметник во западната уметност.[1].

Рембрант создал повеќе од 600 слики, 300 графики и 2.000 цртежи. Тој бил мошне продуктивен сликар на автопортрети и создал скоро стотина (вклучувајќи и 20 графики) низ неговата долга кариера. Овие авто-портрети ни даваат мошне јасна слика за Рембрант, неговиот изглед и уште побитно, неговото битие што може да се осознае во неговото разбраздено лице.

Битни карактеристи на творештвото на Рембрант се: светлосенка (кјароскуро), техника на користење на драматичен контраст на светло, сенки и темница која што Рембрант ја адаптирал од техниката на Караваџо; драматично и живо претставување на неговите субјекти без крута формалност која што била типична за тогашните сликари; длабоко сочувство за човекот без разлика на човековата старост и имотна состојба.

Во неговите дела кои често биле со митолошка, библиска или историска тематика, Рембрант често ја насликувал најблиската фамилија: неговата прва жена Саскиа, синот Титус и неговата неформална жена Хендрикје.

Автопортрети

[уреди | уреди извор]

Влијание

[уреди | уреди извор]

Во песната „Светилници“, францускиот поет Шарл Бодлер го опејува Рембрант како „тажна болница каде тивкиот народ блада“.[2]

  1. Hughes 2006, стр. 6.
  2. Шарл Бодлер, Цвеће зла. Београд: Култура, 1970, стр. 18-19.
  • Hughes, Robert (2006), "The God of Realism", The New York Review of Books (Rea S. Hederman) 53 (6)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]