Прејди на содржината

Државен музеј (Амстердам)

Координати: 52°21′36″N 4°53′07″E / 52.36000° СГШ; 4.885278° ИГД / 52.36000; 4.885278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Државен музеј
Rijksmuseum
Rijksmuseum
Поглед на Државниот музеј во Амстердам
Поглед на Државниот музеј
Карта
Основан18 ноември 1798[1]
МестоMuseumstraat 1[2]
Амстердам, Холандија
Типликовен музеј
национален музеј
историски музеј
Фонд1.000.000 предмети[3]
Посетеност2,2 милиони (2016)[4]
ДиректорТако Дибитс[5]
ПретседателЈап де Хоп Схефер[5]
Јавен превозтрамвајски: 2 Трамвајска линија 2 5 Трамвајска линија 5, 7 Трамвајска линија 7, 10 Трамвајска линија 10, 12 Трамвајска линија 12[2] автобуски: 26, 65, 66, 170, 172, 197[2]
Мреж. местоrijksmuseum.nl

Државен музеј (холандски: Rijksmuseum) — музеј посветен на уметноста и историјата во градот Амстердам, Холандија. Се наоѓа во реонот Амстердам-Југ, недалеку од послични културни установи, како што се Музејот на Ван Гог, Градскиот музеј и Концертниот дом (Concertgebouw).[6]

Основан е во Хаг во 1798 г., a десет години подоцна е преместен во Кралскиот дворец во Амстердам. По извесно време префрлен е во нови простории во, а подоцна во Триповиот дом (Trippenhuis), денес седиште на Кралска академија на уметностите и науките.[1] Музејот се вселил во сегашната зграда веднаш по нејзината изградба во 1885 г.[3] Во 2003 г. ова здание било затворено за обнова[7] и повторно отворено од кралицата Беатриса на 13 април 2013 г. Обновата траела цели десет години и чинело вкупно 375 милиони евра[8][9]

Музејот има вкупно милион предмети од уметничко и историско значење што го опфаќаат периодот од 1200 до 2000 г. Од нив се изложени 8.000 експонати.[3]

Збирката опфаќа слики од холандско-фламански мајстори од златното време како што се Јакоб ван Рејсдал, Франс Халс, Јан Вермер, Јан Стен, Рембрант и неговите ученици.[3]

Постои и мала азиска збирка изложена во Азискиот павилјон.[3]

Во состав на музејот работи и истражна библиотека од областа на историјата на уметноста, најголема од овој вид во земјата.

Некои дела

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Историја на Државниот музеј - Државен музеј. посет. 4 април 2013 г (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Адреса и маршрута - Државен музеј. посет. 4 април 2013 г (англиски)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 The renovation - Државен музеј. посет. 4 април 2013 г (англиски)
  4. Jasper Piersma, "Van Gogh Museum zit Rijks op de hielen als populairste museum", Het Parool, 2016. посет. 2 јануари 2016 г.
  5. 5,0 5,1 Board of Directors, Rijksmuseum. посет. 4 април 2013 г.
  6. Музејски плоштад Архивирано на 13 август 2012 г. - „Јас сум Амстедам“, посет. 4 април 2013 г (англиски)
  7. Одбројувањето започна – Државниот музеј отвора за 99 дена - NRC Handelsblad, посет. 4 април 2013 г (холандски)
  8. Државниот музеј во Амстердам се подготвува за велелепно отворање - Би-би-си Вести, 4 април 2013 (англиски)
  9. „Државниот музеј во Амстердам е повоторно отворен: Ново златно време“ - The Economist, посет. 14 април 2013 г (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

52°21′36″N 4°53′07″E / 52.36000° СГШ; 4.885278° ИГД / 52.36000; 4.885278