Караваџо
Караваџо Caravaggio | |
---|---|
Chalk portrait of Caravaggio by Ottavio Leoni, circa 1621. | |
Роден(а) | Микеланџело Мериси или Америги 29 септември 1571 Милано, Војводство Милано, Шпанска империја |
Починал(а) | 18 јули 1610 Порто Ерколе (Гросето), Држава Пресиди, Шпанска империја | (возр. 38)
Образование | Симоне Петерцано |
Познат(а) по | Сликар |
Значајни дела | Дела од Караваџо |
Правец | Барок |
Покровители | кардиналот Франческо Марија дел Монте |
Микеланџело Мериси или Америги - Караваџо (италијански: Michelangelo Merisi da Caravaggio, именуван по градот Караваџо (близу [[Милано), е италијански уметни роден на 29 септември 1571 година починал на 18 јули 1610 година . Создал специфична техника на драматично осветлување на одделни фигури на темна позадина, во комбинација со реална претстава за човечката состојба (физичка и емоционална), со што станал еден од основачите на барокното сликарство[1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Микеланџело Мериси (или Америги) да Караваџо е роден во Милано, каде што неговиот татко бил администратор и архитект-декоратер во Караваџо - град близу Бергамо. Во 1576 година, неговото семејство се преселило во Караваџо за да избега од чумата во Милано. Неговиот татко починал во овој град следната година. Се верува дека уметникот пораснал во Караваџо, но неговото семејство одржувало врски со семејствата Сфорца и Колона, кои играале важна улога во животот на уметникот.
Мајката на Караваџо починала во 1584 година, истата година кога тој го започнал своето сликарско школување кај уметникот Симоне Петерцано. Се верува дека уметникот останал во областа Милано за време на студиите, но можно е да ја посетил Венеција и да ги видел делата на Тицијан и Џорџоне.
Многу од одликите присутни на сликата на Караваџо се обликувани од милјето во кое тој се развил како уметник. Во времето на неговото школување како уметник, во Милано доминирал католичкиот надбискуп Карло Боромејски. Беседите на Бороме го достигнале својот врв во годините по епидемијата на чумата. Тој тврдел дека епидемијата е казна за гревовите на католиците а можело населението за тоа да се искупи само со враќање на изворните Христови учења. Тој ги истакнувал скромноста и сиромаштијата на Христос и неговите ученици како вредности што Црквата треба да ги почитува и уште повеќе да ги приближува до сиромашните, за кои велел дека се жива слика на Исус Христос. Вкусот на Бороме во религиозната уметност бил исто така суров. Тој воопшто не ја цененел софистицираната и интелектуална уметност на ренесансата или маниризмот, но бил за народна уметност, чиј видлив пример ббиле полихромните статуи пронајдени во „светата планина“ во Варал, близу Милано.
Овие живописни традиции на уметност, кои Боромејски ги славел во своите проповеди, имале големо влијание врз Караваџо. Тој го претворил нивниот суров скулптурен реализам во неговиот далеку посуптилен, непосреден начин на сликање. Неговите композиции се скоро секогаш во затворен простор, каде група ликови се како во театарска сцена. Влијанието на Боромејски можело да се забележи и во употребата на темните-тонови палета на бои и инсистирањето на сиромаштијата во декорацијата како основни христијански доблести.
Постои можност Караваџо да ја посетил Венеција во одреден момент во текот на неговите млади години. Според првиот биограф на Караваџо, Џовани Пјетро Белори, Караваџо навистина ја посетил Венеција и бил импресиониран и под влијание на „колоритот на Џорџоне“. Сепак, не постојат цврсти докази што ги поддржуваат овие шпекулации, но постојат докази дека учителот на Караваџо, Петерцано, предавал сликарство во Венеција и можеби влијаел на Караваџо да ја посети . Како и да е, останува фактот дека некои од најистакнатите дела на Караваџо во зрела возраст, во извесна смисла, се прототипи присутни во сликарството во Венеција. На пример, делото на Тицијан „Страдањето на Св. Лоренс“, со драматичниот акцент на човечкото страдање. Според овие елементи, можно било Караваџо да поминал извесно време во Венеција во овој ран период[2].
Караваџо ја напушти Ломбардија во 1592 година и повеќе не се вратил. Правните документи од крајот на 1580-тите и 1590-тите години спомнуваат дека Караваџо продал парцели што ги наследил од неговото семејство. Точните околности околу неговото заминување од Милано останале нејасни, но белешките на маргината на копијата на ракописот напишан од Џулио Манчини за неговиот ран живот сугерираат дека тој бил соучесник во тоа време со инцидент на насилство во кој бил убиен полицаец.
Караваџо се преселил во Рим, како и многу други млади уметници, во потрага по работа. Новоизбраниот папа, Климент VIII, бил решен да го трансформира Рим во очигледен симбол на контрареформацијата на обновената католичка вера. Изградил нови цркви и ги реконструирал старите, така што имало многу работа за сликарите.Во тоа време во Рим живееле и работеле околу 2.000 уметници од вкупно 100.000 жители. Поради тоа чести биле соперништвата и борбите за доминација на одредени групи или поединечни сликари. Во таква средина, борбата за уметнички опстанок била доста сурова и елементарна. Караваџо, како и многу други уметници, морал да се бори за своето сликарство, често жестоко и безкомпромисно, бидејќи немал друг начин за опстанок.Првите години во Рим, не биле многу успешни за него, затоа живеел во беда и непризнат. Во Рим, тој работел за повеќе признати сликари и во повеќе сликарски работилници пополека формирајќи го својот особен и прочистен сликарски израз.
Сепак, релативно брзо и стабилно, започнал да ги освојува сликарските простори на римската ликовна сцена. Станувал баран и под заштита на богати месцени.
Караваџо бил со буен, експлозивен карактер, често влегувал во расправии, кавги, тепачки, криминални дејствија поради што неговото име често се споменувало во полициските извештаи.
Во 1606 година бил принуден да побегне од Рим по кавгата во која со меч смртно ранил еден од неговите пријатели, Караваџо го започнал својот скитачки живот во Неапол, Малта, полн со нови бурни инциденти и несреќи, како и нови успеси во сликарството.
Неговата смрт и денес не е разјаснета, некои сметаат дека бил убиен, отруен, дека умрел од маларија, сифилис итн. Во 2010 во црквата Порто Ерколе биле пронајдени останки за кои се тврдело дека му припаѓале на Караваџо. Според ДНК-анализа, откриена била голема количина на олово, кое можно е да била причината за неговата смрт[3].
Творештво
[уреди | уреди извор]Додека повеќето други италијански уметници слепо го следеле елегантниот, скоро балетски стил на доцнот маниризам, Караваџо ги толкувал библиските сцени често какокрвави драми. Тој ги отсликувал настаните од „далечното свето минато“ како да се случувале во негово време, често работејќи со живи модели кои ги облекувал во модерна облека. Тој ја истакнувал сиромаштијата на Христос и неговите следбеници, апостоли, светци и маченици, нагласувајќи ја нивната искината облека и нечистотија на нозете. Тој исто така развил специфична форма на [[гиароскуро, користејќи екстремни контрасти на светлина и сенка за да ги нагласи деталите, гестовите или изразите на лицета, очај, копнеж.
Уметничката репутација на Караваџо била засенета за време на неговиот живот, а подоцна и од бурните и крајно трагични околности во неговиот личен живот. Во Рим, тој извршил убиство и насилен напад додека бил на врвот на својата уметничка кариера, а после тоа - и покрај тоа што подоцна ги создал своите најдобри дела - го поминал остатокот од својот живот како бегалец од правдата. Од средината на 20 век, неговите насилни испади и нестабилен карактер станаа предмет на разни митови, каде што тој бил доживуван како аутсајдер од своето време, бунтовник против авторитетот.
Караваџо бил насилен човек по карактер, но исто така е факт дека живеел и творел во насилни времиња.
Неговиот опус е специфичен, оригинален и творечки автентичен.
Драматичноста и силината на изразот не се само темелот на барокниот иден стил туку во многу негови ликовни постапки тој го наговестува експресионизмот на изразот што е сликарски правец карактеристичен за почетокот на дваесеттиот век[4].
Технологија
[уреди | уреди извор]Караваџо развил специфична ликовна технологија. Користел битумен како подлога - црна, темна над која градирајќи извлекувал колористички тонови кои се движеле од потемни кон посветли. На тој начин успеал да создаде специфична атмосфера особено во изразитите контрасти на светлото и темното. Таа сценска драматичност била една од најзначајните скоро револуционерни постапки во западното сликарство со што успеал да ја отргне уметноста која опасно се приближила до илустративност, допадливост и отсуство на автентична инспирација[5].
Влијание
[уреди | уреди извор]Неговото влијание врз текот на западната уметност е големо и не е ограничено на сликарството. Творештвото на Караваџо влијаело на многу подоцнежни уметници, Рембрант во Холандија, Веласкес во Шпанија и Теодор Жерико во Франција. Чувството на драматична конструкција на сцената и иновативниот третман на светлината и сенката, исто така, директно инспирираше многу личности од областа на филмот, вклучувајќи ги режисерите Пјер Паоло Пасолини и Мартин Скорсезе[6],[7],[8],[9].
Галерија на одабрани дела
[уреди | уреди извор]-
Музичари (1595)
-
Лејтист (1596)
-
Портрет на куртизана (1597)
-
Медуза (1598)
-
Давид со главата на Голијат (1600)
-
Вечера в Емаус (1602/3)
-
Бахус
-
Неверниот Тома
-
Распетието на Свети Петар
-
Свето семејство со Јовано Крстител
-
Свети Јован Крстител
-
Марија Магдалена
-
Нарцис
-
Јупитер, Нептун и Плутон (1597)
-
Ecce Homo (1605)
Литература
[уреди | уреди извор]- Fanti, Vincenzio (1767). Descrizzione Completa di Tutto Ciò che Ritrovasi nella Galleria di Sua Altezza Giuseppe Wenceslao del S.R.I. Principe Regnante della Casa di Lichtenstein. Trattner. стр. 21.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Berenson, Bernard, Caravaggio: His Incongruity and His Fame (1953).
- Friedlaender, Walter , Caravaggio Studies (1955, прештампано 1974).
- Hinks, R.P., Michelangelo Merisi da Caravaggio: His Life, His Legend, His Works (1953).
- Delogu, Giuseppe, Caravaggio (1964; изворно на италијанском, 1962).
- Moir, Alfred, Caravaggio (1982).
- Hibbard, Howard, Caravaggio (1983).
- Spear, Richard E., Caravaggio and His Followers, рев. изд. (1975).
- Warwick, Genevieve (изд.), Caravaggio: Realism, Rebellion, Reception (2006).
- Puglisi, Catherine, Caravaggio (1998).
- Robb, Peter, The Man Who Became Caravaggio, (2000).
- Varriano, John, Caravaggio: The Art of Realism (2006).
- Langdon, Helen, Caravaggio: A Life (1998).
- Graham-Dixon, Andrew, Caravaggio: A Life Sacred and Profane (2010).
- Ebert-Schifferer, Sybile (2012). Caravaggio: The Artist and his work (Art). Los Angeles, United States: Getty Trust Publications.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Vodret, Rossella, Caravaggio: The Complete Works (2010), монографија.
- Janson, H. W. (1975). Istorija umetnosti – Pregled razvoja likovnih umetnosti od praistorije do danas (Umetnost). Beograd, Jugoslavija: Prosveta.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Giulio Mancini's comments on Caravaggio in Considerazioni sulla pittura, c.1617–1621
- Giovanni Baglione's Le vite de' pittori, 1642
- Giovanni Pietro Bellori's Le Vite de' pittori, scultori et architetti moderni, 1672
All have been reprinted in Howard Hibbard's Caravaggio and in the appendices to Catherine Puglisi's Caravaggio.
- Bayer, Andrea (2004). Painters of reality : the legacy of Leonardo and Caravaggio in Lombardy. New York: The Metropolitan Museum of Art. ISBN 9781588391162.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Benay, Erin (2017). Exporting Caravaggio: the Crucifixion of St. Andrew. Giles Press Ltd. ISBN 978-1911282242.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Ralf van Bühren, Caravaggio’s ‘Seven Works of Mercy’ in Naples. The relevance of art history to cultural journalism, in Church, Communication and Culture 2 (2017), pp. 63–87
- Maurizio Calvesi, Caravaggio, Art Dossier 1986, Giunti Editori (1986) (not available)
- Calvesi, Maurizio (1990). Le realtà del Caravaggio. Torino: G. Einaudi.CS1-одржување: ref=harv (link)
- John Denison Champlin and Charles Callahan Perkins, Ed., Cyclopedia of Painters and Paintings, Charles Scribner's Sons, New York (1885), p. 241 (available at the Harvard's Fogg Museum Library and scanned on Google Books)
- Keith, Christiansen (1990). A Caravaggio Rediscovered, The Lute Player. New York: The Metropolitan Museum of Art. ISBN 9780870995750.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Andrea Dusio, Caravaggio White Album, Cooper Arte, Roma. Караваџо
- Fried, Michael (2010). The Moment of Caravaggio. Yale University Press. ISBN 9780691147017.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Walter Friedlaender, Caravaggio Studies, Princeton. Предлошка:Page1
- Gash, John (2004). Caravaggio. Chaucer Press. ISBN 978-1-904449-22-5.CS1-одржување: ref=harv (link))
- Rosa Giorgi, Caravaggio: Master of light and dark – his life in paintings, Dorling Kindersley. Караваџо
- Andrew Graham-Dixon, Caravaggio: A Life Sacred and Profane, London, Allen Lane. Караваџо
- Jonathan Harr (2005). The Lost Painting: The Quest for a Caravaggio Masterpiece. New York: Random House. ["The Taking of Christ"]
- Hibbard, Howard (1983). Caravaggio. ISBN 978-0-06-433322-1.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Harris, Ann Sutherland (2004). Seventeenth-century Art & Architecture. Laurence King Publishing. ISBN 978-1-85669-415-5.CS1-одржување: ref=harv (link).
- Michael Kitson, The Complete Paintings of Caravaggio. London, Abrams, New edition: Weidenfeld & Nicolson, 1969 and 1986. Караваџо
- Pietro Koch, Caravaggio – The Painter of Blood and Darkness, Gunther Edition, (Rome – 2004)
- Gilles Lambert, Caravaggio, Taschen. Караваџо
- Helen Langdon, Caravaggio: A Life, Farrar, Straus and Giroux, 1999 (original UK edition 1998). Караваџо
- Denis Mahon (1947). Studies in Seicento Art. London: Warburg Institute.
- Moir, Alfred (1967). The Italian Followers of Caravaggio. Harvard University Press. ISBN 978-0674469006.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Ostrow, Steven F., review of Giovanni Baglione: Artistic Reputation in Baroque Rome by Maryvelma Smith O'Neil, The Art Bulletin, Vol. 85, No. 3 (Sep., 2003), pp. 608–611, online text
- Catherine Puglisi, Caravaggio, Phaidon. Караваџо
- Peter Robb, M, Duffy & Snellgrove, 2003 amended edition (original edition 1998). Караваџо
- Rudolph, Conrad and Steven Ostrow, "Isaac Laughing: Caravaggio, Non-traditional Imagery, and Traditional Identification," Art History 24 (2001) 646–681
- John Spike, with assistance from Michèle Kahn Spike, Caravaggio. with Catalogue of Paintings on CD-ROM. Предлошка:Page1
- John L. Varriano, Caravaggio: The Art of Realism, Pennsylvania State University Press (University Park, PA – 2006). Караваџо
- Rudolf Wittkower, Art and Architecture in Italy, 1600–1750, Penguin/Yale History of Art. Караваџо
- Alberto Macchi, "L'uomo Caravaggio" – Atto unico (pref. Stefania Macioce), AETAS, Roma. Караваџо
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „MICHELANGELO MERISI DA CARAVAGGIO“. Архивирано од изворникот на 2023-09-30. Посетено на 2021-01-02.
- ↑ Michelangelo Merisi da Caravaggio 1571 - 1610
- ↑ Paintings by Michelangelo Merisi da Caravaggio
- ↑ „Caravaggio“. Архивирано од изворникот на 2020-12-26. Посетено на 2021-01-02.
- ↑ Who Was Caravaggio?
- ↑ Caravaggio - Biography and Legacy
- ↑ 21-facts-about-caravaggio
- ↑ Caravaggio Guide to Rome
- ↑ Caravaggio: Realism, Rebellion, Reception
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Караваџо“ на Ризницата ? |
Статии и есеи
[уреди | уреди извор]- Christiansen, Keith. “Caravaggio (Michelangelo Merisi) (1571–1610) and his Followers.” In Heilbrunn Timeline of Art History. New York: The Metropolitan Museum of Art, 2000–. (October 2003)
- FBI Art Theft Notice for Caravaggio's Nativity
- The Passion of Caravaggio
- Deconstructing Caravaggio and Velázquez
- Interview with Peter Robb, author of M
- Compare Rembrandt with Caravaggio.
- Caravaggio and the Camera Obscura
- Caravaggio's incisions by Ramon van de Werken
- Caravaggio's use of the Camera Obscura: Lapucci
- Some notes on Caravaggio – Patrick Swift
- Roberta Lapucci's website and most of her publications on Caravaggio as freely downloadable PDF
Умјетнички трудови
[уреди | уреди извор]- caravaggio-foundation.org Архивирано на 29 јуни 2024 г. 175 works by Caravaggio
- Caravaggio, Michelangelo Merisi da Caravaggio WebMuseum, Paris webpage
- Caravaggio's EyeGate Gallery
Музика
[уреди | уреди извор]Видео
[уреди | уреди извор]- Каравађо: Живот и умјетнички стил у три слике – Национална галерија у Лондону (Јутјуб; енглески)
- Каравађо између небеса и пакла (документарац) Јутјуб (италијански)
- Хапшење Христа, документарна анализа (Јутјуб, италијански)
- Реконструкција Каравађове технике и радионице (ботеге) – Јутјуб (италијански)
- Каравађова техника (Јутјуб, италијански)
- Caravaggio's Calling of Saint Matthew Архивирано на 23 октомври 2014 г. at Smarthistory, accessed February 13, 2013
- Caravaggio's Crucifixion of Saint Peter Архивирано на 8 октомври 2014 г., accessed February 13, 2013
- Caravaggio's Death of the Virgin Архивирано на 1 ноември 2014 г., accessed February 13, 2013
- Caravaggio's Narcissus at the Source Архивирано на 1 ноември 2014 г., accessed February 13, 2013
- Caravaggio's paintings in the Contarelli Chapel, San Luigi dei Francesi, accessed February 13, 2013
- Caravaggio's Supper at Emmaus Архивирано на 11 октомври 2014 г., accessed February 13, 2013