Филаделфион (Цариград)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филаделфион
7949 - Venezia - Tetrarchi in Piazza San Marco - Foto Giovanni Dall'Orto, 8-Aug-2007.jpg
Четирите тетрарси - прегрнати во обид да се прикаже еднаквоста на владетелите и единството на империјата.
Општи податоци
Стил римска архитектура
Град Цариград
Земја Византија
Почната 4 век

Филаделфион претставувал плоштад кој се наоѓал во византиската престолнина Цариград , денешен Истанбул, Турција, во близина на форумот на Теодосиј, во денешен Едикуле.

Во центарот на плоштадот се наоѓал Капитол во кои биле сместени религиозни статуи. Објектот бил изграден во времето на Константин Велики или порано, и првично се користел како пагански храм поврзан со култот на императорот. За прв пат се споменува во 407 година кога од еден монументален столб паднал крстот кој бил погоден од гром, а потоа бил обновен. Според овој извор, објектот имал друга намена наместо пагански храм. Во 425 година објектот бил претворен во Академија за високо образование. По овој настан во следните векови не се споменува објектот, и се смета дека не бил користен.

Во објектот се влегувало преку источната страна чија источна страна се состоела од високи столбови, додека во средината се наоѓале две статуи на Тетрарсите, кои биле прегрнати во обид да се прикаже еднаквоста на владетелите и единството на империјата. Четирите влаетели се смета дека ги претставувале синовите на Константин, додека целиот комплект се викал Филаделфион или во превод споменик на братската љубов.

Статуите од тетрасите биле отстранети од страна на Венецијанците во Четвртата крстоносна војна во 1204 година и денеска сè уште можат да се видат на фасадата од црквата Свети Марко во Венеција. Нивното потекло од Византија се докажува со фактот што една скршена нога на еден тетрарх била пронајдена при ископувањата во близина на денешната џамија Бодрум[1].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Striker (1981), p. 29

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]