Еди-куле (Истанбул)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еди-куле
Yedikule Hisarı
Поглед кон денешниот изглед на Еди-куле
Карта
Општи податоци
Видтврдина
затвор
МестоФатих, Истанбул
Координати40°59′36″N 28°55′23″E / 40.99333° СГШ; 28.92306° ИГД / 40.99333; 28.92306Координати: 40°59′36″N 28°55′23″E / 40.99333° СГШ; 28.92306° ИГД / 40.99333; 28.92306
Почната1458
СопственикТурција

Тврдината Еди-куле (турски: Yedikule Hisarı што значи „Тврдина на седумте кули“, или „Занданите на седумте кули“) — историска структура која се наоѓа во населбата Едикуле во Фатих, во Истанбул, Турција.

Тврдината била изграденс во 1458 година по налог на отоманскиот султан Мехмед II, како комплекс од седум кули и со додавање на три нови кули се комплетирало целосното заградување на дел од античките Цариградски ѕидини, вклучувајќи ги и двете кули близнаци кои првично ја сочинувале триумфалната Златна порта (турски : Altınkapı) изградена од римските цареви Теодосиј I и Теодосиј II.

Тврдината станала позната како место каде биле затворани голем број на аристократски личности, а придружната интрига ја заробила имагинацијата на јавноста низ вековите во разни легенди, приказни и уметности.

Поглед на некои од кулите на тврдината.

Историја[уреди | уреди извор]

По освојувањето на Цариград, султанот им дал приоритет на официјалните градежни проекти како што се Еди-куле и неговиот прв сераглио, Сарај-и Атик. Еди-куле, тврдина на седум кули, била подигната како официјална ризница на царството околу 1457 година. Сведоците ја опишале градбата како една од палатите на султанот. Секоја кула на Еди-куле функционирала за складирање на скапоцени производи, документи, оклопи, монети, злато и сребро. Султанот добро знаел од своите предци дека заштитата на тврдината е едно од највисоките државни работи. Дека структурата е изградена како тврдина, укажува на постоење на воен погон задолжен за одбрана на службената ризница од непријателски напади. Трезорот подоцна бил префрлен во внатрешниот дел на Топкапи-сарај во 16 век, а потоа седумте кули станале затвор на престижните заробеници.

Еди-куле се наоѓа на бреговите на Мраморно Море. Две кули и два столбови на поранешната Порта Ауреја биле наследени од византиските градски ѕидини. Биле додадени три оригинални кружни кули за создавање на скоро пентагонален план. Кога ќе се повлече линија од средина на поранешната Порта Ауреја кон отоманската кула во средина, оската ја дели тврдината на два симетрични делови. Мала куполна градба, џамијата на Освојувачот, се појавува како фокусна точка на дворот на тврдината, која исто така ја означува средната точка на оската на симетријата.

Тврдината често се користела како државен затвор, а амбасадорите на државите кои воделе војна со Отоманското Царство обично биле затворени овде. Во тврдината биле сместени и затвореници, кои биле жртви на различни интриги и насилнички напади, како и политички противници на султанот. Меѓу најзначајните затвореници на Еди-куле бил младиот султан Осман II, кој бил затворен и погубен таму од страна на јаничарите во 1622 година. Последниот цар на Трапезунтското Царство Давид Велики Комнин, Константин Бранковејану од Влашка со семејството, кралот Симон I и голем број на водечките отомански паши биле исто така меѓу оние што биле убиени таму. Во 1768 година, рускиот амбасадор Алексеј Михајлович Обрешков и целиот персонал на руската амбасада биле затворени овде, поради објавувањето на војна на Отоманското Царство против Руското Царство.

За време на Наполеоновите војни, тврдината била место каде биле затворени многу француски затвореници, меѓу кои и писателот и дипломат Франсоа Пукевил, кој бил задржан таму повеќе од две години (1799 до 1801 година) и кој дал детален опис на тврдината во неговото дело: „Voyage en Morée, à Constantinople, en Albanie, et dans plusieurs autres parties de l'Empire Othoman, pendant les années 1798, 1799, 1800 et 1801“. Последниот затвореник кој бил држан во Еди-куле бил во 1837 година. Освен почетните 11 и последните 4 реченици, настаните во целиот роман на нобеловецот Иво Андриќ, романот „Проклета авлија“ се случуваат во затворот Еди-куле.

На средината на внатрешниот двор на тврдината биле изградени месџит (мала џамија) и фонтана, во која имало и куќи на гарнизонот, формирајќи посебен градски кварт. Куќите биле срушени во 19 век и на нивно место било изградено училиште. Надворешната порта била повторно отворена во 1838 година, а кулите на тврдината функционирале како спирали за барути некое време после тоа, сè додека целиот објект не бил предаден за да стане музеј во 1895 година.

Театар на отворено е изграден во последниве години и се користи за културни фестивали. Како и неговото име во Ерусалим, муслимански гробишта сега лежат пред Златната порта.

Галерија[уреди | уреди извор]

Затвореници[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Meyer-Plath, Bruno; Schneider, Alfons Maria (1943), Die Landmauer von Konstantinopel, Teil II (германски), Berlin: W. de Gruyter & Co.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]