Петти вселенски собор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петти вселенски собор
Датум553
Прифатен одРимокатоличка црква, Старокатоличка црква, Православие
Претходен собор
Четврти вселенски собор
Следен собор
Шести вселенски собор
Свикан одИмператор Јустинијан I
ПретседавачЕвтихиј Цариградски
Присутниоколу 160
Времеследен список на собори

Петти вселенски собор — духовен собор кој се одржал од 5 мај до 4 јуни 553 година во Цариград, во време на императорот Јустинијан I (527-565). На овој собор не се зборувало за некоја нова ерес, туку на нов начин се разгледувани проблемите со монофизитите, несторијанците и оригенистите. Императорот направил обид да ги врати монофизитите во црквата. За таа цел, била одржана средба на православни и монофизитски богослови во 532 година. За монофизитската страна било несфатливо осудувањето на Несториј Цариградски од страна на црквата, а одбегнувањето на предавање на осуда на неговиот учител, Диодор Тарсиски, како Теодор Мопсуетски и Иво Едески[1], кои јавно го поддржале Несториј. Црквата направила исчекор, и прифатила повторно подетално да расправа за овие три личности од петтиот век, еден век подоцна.

На овој собор присуствувале 160 Отци. Најстарите од нив биле: Евтихиј Цариградски, Аполинариј Александриски, Домн Антиохиски и Дамјан Созополитски. Соборот ги потврдил осудите на несторијанската и монофизитската ерес, донесени на Третиот и Четвртиот вселенски собор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Давитковски, Петар (1987). Историја на христијанската црква II дел. Скопје: Скопје.